Регион
Снег ја парализира Атина, одложена вакцинацијата поради лошите временски услови

Невообичаено обилни врнежи од снег беа забележани во грчката престолнина Атина, а властите ги предупредуваат жителите, особено во северните и источните предградија, да избегнуваат непотребно да ги напуштаат своите домови, пренесува АП.
Здравствените власти соопштија дека ги одложуваат сите вакцинации против коронавирусот во регионот Атика поради лошите временски услови, а запрена е и една линија на метрото во Атина, која делумно оди преку копно кон северните предградија, додека повеќето автобуси се повлечени од улиците на главниот град поради безбедносни причини, наведува агенцијата.
Снежните врнежи во центарот на Атина, кои почнаа вчера доцна и продолжија во текот на ноќта, предизвикаа прекин на електричната енергија поради соборените далноводи, кои градските служби ги санираа денес, а чистачите за снег и камионите што сипаа сол се обидоа да обезбедат нормализирање на сообраќајот во центарот на градот.
Снегот е нормална појава на грчките планини и во северниот дел на земјата, но многу поретко во главниот град, особено такви обилни снежни врнежи, според АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Италијанската полиција фати Албанец со над 27 килограми кокаин

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.
Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото.
Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.
Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога.
Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.