Контакт

Регион

Две возила го напуштиле конзулатот по убиството на новинарот, тврдат турските власти

Објавено пред

Турските иследници ја проценуваат можноста дека остатоците од исчезнатиот новинар Џамал Кашоги може да се однесени во шума во предградие на Истанбул или во друг град, ова го соопшти неименуван турски официјален претставник.

Тој за АП посочил дека полицијата утврдила дека две возила од саудискиот конзулат во Истанбул ја напуштиле зградата на 2 октомври, кога Кашоги влегол во конзулатот да преземе некои документи и оттогаш му се губи трага.

Тој навел дека едно возило отишло во  Белградската Шума надвор од Истанбул, а другото во градот Јалова.

Не е познато дали полицијата веќе ја пребарала областа. Службеникот не сакаше да биде именуван бидејќи истрагата за исчезнувањето на Кашоги е во тек.

За исчезнувањето на саудискиот новинар се водат две одделни истраги и од страна на турските и од страна на саудиските власти.

Турските власти веруваат дека тој бил убиен во саудискиот конзулат во Истанбул и неговото тело било распарчено и изнесено од зградата. Саудиските власти, пак, негираат каква било вмешаност во неговото исчезнување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Три жени од Косово осудени за членување во Исламската држава

Објавено пред

Основниот суд во Приштина казни мајка и нејзините две ќерки на две години условна затворска казна поради учество во активностите на терористичката Исламска држава, пренесува „Косев“. Сите три се вратиле од Сирија во Косово лани во април со уште 29 жени и 74 деца.

Шухрете Тафај и нејзините две ќерки Меке Тафај и Ваљдете Тафај Дачај од Сува Река, централно Косово, ја признале вината, но се појавиле на рочиштето за изрекување на казната.

„Судот при изрекувањето на казната постапи во согласност со одредбите за ублажување на казната зашто како олеснителна околност ги зел признавањето на вината, нивното однесување пред и по извршените кривични дела, и фактот дека ниедна претходно немала проблеми со законот, како и нивната состојба, каењето и ветувањето дека никогаш во иднина нема да сторат кривични дела“, посочил судијата.

Според нивните адвокати, овие жени биле принудени од своите сопрузи да заминат на боиштата во Сирија.

Јустина Фрокај од Косовскиот институт за правосудство, кој врши мониторинг врз работата на судовите, вели дека сите жени што биле предмет на судска обработка велат дека се покајале за она што го сториле. Таа додава и дека речиси сите пресуди против тие жени што биле во Сирија се сведуваат на условни казни.

Шухрета со своите ќерки отишла во Сирија во 2014 година. Првин заминале ќерките, а потоа им се придружила и мајката со уште два сина, од кои едниот бил убиен, а другиот се вратил во Косово. Се смета дека во борбите во Сирија и Ирак учествувале повеќе од 400 лица од Косово, а повеќе од 100 од нив биле убиени. Во април 2019 година Косово врати 110 свои граѓани од Сирија, меѓу кои има 34 жени, 74 деца и четворица поранешни милитанти.

Прикажи повеќе...

Регион

Поднесени пријави против повеќе лица од Улцињ за мачење волк

Објавено пред

Полицијата во Улцињ поднесе кривична пријава против четири лица поради тоа што за време на турнир во мал фудбал во основно училиште во градот во салата внеле волк затворен во мал метален кафез, соопштија локалните власти.

Се вели дека надлежниот обвинител наредил кривичните пријави да се поднесат во редовна постапка, а за инцидентот бил известен и ветеринарен инспектор, кој ќе преземе мерки во согласност со Законот за заштита на благосостојбата на животните, пренесува Радио-телевизија Црна Гора.

На неодамна одржан фудбалски турнир во Улцињ организаторите внеле волк во минијатурен кафез прикажувајќи го пред насобраната публика како трофеј.

Видеото, кое се распространи на социјалните мрежи, прикажува неколку мажи како носат кафез со волк среде преполна сала, како и маж кој се обидува да седне врз кафезот додека насобраната толпа вика и навива. Притоа преплашеното животно се грчи и нервозно се врти во круг.

Прикажи повеќе...

Регион

Германската полиција шокирана од состојбата на српски автобус кој стигнал до Берлин

Објавено пред

Германската полиција објави дека запрела автобус што одел кон Србија и останала во шок поради состојбата на возилото што го исклучиле од сообраќај.

За’рѓана каросерија, неисправни сопирачки и управувачки систем – автобусот бил подготвен за отпад, јавуваат германските медиуми.

Возилото било запрено на централната автобуска станица во Берлин.

Медиумите исто така објавиле дека автобусот патувал 1,3 милион километри и дека дупките во возилото биле пополнети со градежна пена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

(Видео) Стаменковска: Фрчат дисциплински за тие што не се блиски до СДСМ, човек беше казнет што не вклучил греалка

Фрчат дисциплински постапки, незаконски распределувања и се подговуваат откази на административци кои не се партиски истомисленици на СДСМ, за да...

Европа2 часа

Смртоносниот корона вирус стигна во Европа, четири лица во карантин во Шкотска

Корона вирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески...

Македонија3 часа

(Видео) Со хипотека на имот од над 3 милиони евра, Камчев бара да му се вратат пасошите

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот...

Македонија3 часа

(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Бекир Аслани вели дека и...

Македонија5 часа

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Топ6 часа

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет6 часа

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Свет8 часа

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија8 часа

(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет8 часа

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија9 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион9 часа

По 20 дена, ослободени киднапираните грчки морнари

Осум члена на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет10 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија22 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија1 ден

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија1 ден

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ1 ден

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија1 ден

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија1 ден

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Досие