Контакт

Регион

Државниот обвинител на Хрватска даде оставка поради членство во масонска ложа

Објавено пред

Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ, поднесе оставка поради членство во масонска ложа.

„Се појавија инсинуации во врска со моето членство во масонската ложа, си заминувам со мирна и чиста совест. Членството во законско здружение во никој случај не влијаело врз извршувањето на мојата должност. Денес доставив до Владата на Република Хрватска барање за разрешување“, изјави Јелениќ, пренесува Индекс.хр.

Тој кажа дека од првиот ден до денес ја извршувал должноста главен државен обвинител на Република Хрватска со гордост, посветеност, професионално и чесно, во согласност со Уставот и законите на Република Хрватска, зачувувајќи ја независноста на Државното обвинителство.

Премиерот Андреј Пленковиќ претходно денеска рече дека ако Јелениќ не даде оставка, владата ќе го иницира неговото разрешување утре наутро.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Објавено пред

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за борба против коронaвирусот, кои почнуваат в петок во 17 часот, а завршуваат во понеделеник во 5 наутро.

Брнабиќ за ТВ „Прва“ изјави дека со воведување полициски час во текот на викендот Србија се обидува да излезе од својата петта недела од борбата против вирусот, откако се покажа дека е проблем за време на викендите, бидејќи луѓето се социјализираат и ги игнорираат мерките за социјална оддалеченост.

„Сега е крајот на петтата недела, здравствениот систем е на нозе“, рече Брнабиќ, најавувајќи дека уште неколку болници во Србија ќе бидат трансформирани во т.н. ковид-болници. Таа рече дека експертите препорачуваат прекинување на социјалните контакти за да се спречи преносот на вирусот, но се обидува да се избегне 24-часовен карантин, а ограничувањето за време на викендот е „чекор помеѓу“.

Брнабиќ ја најави како опција изолацијата на градовите кои се во фокусот на епидемијата, како што се Белград, Ниш, Нови Пазар, Ваjeево и Куприја, и препорача дека е можно затворање на големите компании за седум или 14 дена.

Според нејзината проценка, Србија е близу до „почетокот на крајот“ на епидемијата, но тоа е можно само со „железна дисциплина“ и некои дополнителни рестриктивни мерки.

Прикажи повеќе...

Регион

Синот на Вучиќ заболен од коронавирус

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека син му Данило има коронавирус и дека е сместен на Инфективната клиника во Белград, објави РТС.

„Кога почна сè, мојот Данило ми рече дека откажувањето не е опција. Мојот првенец е заразен со коронавирус, а клиничката слика му е таква за да биде примен на Инфективната клиника. Сине, ќе го победиш ти тоа. Те сака тато, сите те сакаме“, напиша Вучиќ.

Српскиот претседател неодамна изјави дека син му Данило и ќерка му Милица волонтираат по прогласувањето на епидемијата. На една прес-конференција рече дека неговите деца им носат храна и основни продукти на пензионери.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија 219 новозаболени, починале четири лица

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во Србија регистрирани се 219 нови случаи на коронавирус, а четири лица починале, со што вкупната бројка на починати е 65 лица, соопштија претставници на државниот кризен штаб.

Во болниците има 1.726 заразени лица, а 112 од нив се на респиратори.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Донирани околу еден милион евра на сметката на Министерството за здравство

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации за борбата со коронавирусот до сега се пристигнати  средства во висина...

Свет2 часа

Кина презема нови мерки поради страв од нов бран на вирусот како резултат на асимптоматски случаи

Кина, во која помина епидемијата на коронавирусот, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вируси да предизвикаат...

Економија3 часа

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет3 часа

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“,...

Регион4 часа

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет4 часа

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа6 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија15 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа17 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа17 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија18 часа

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија19 часа

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија20 часа

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Свет21 час

Животот на Асанж во сериозна опасност, во „Белмарш“ е потврден првиот случај со Ковид-19

Условите во затворот во Белмарш, во кој е сместен Џулијан Асанж, може да се полоши отколку што Лондон е подготвен...

Македонија21 час

Странски државјанин кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет21 час

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Економија22 часа

Од 10 до 12 часот приоритет во банките ќе имаат лицата над 67 години

Народна банка заради заштита на јавното здравје апелира филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е...

Свет1 ден

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет1 ден

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Македонија1 ден

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Досие