Регион
Експертите во Црна Гора предупредуваат на опасноста од епидемија на морбили
Епидемијата на морбили во Црна Гора е вистинска, рече педијатарот Небојша Кавариќ и објасни дека во моментот има 90 деца родени во 2019 година што не се вакцинирани, пренесува РТЦГ.
Епидемиологот Сенад Бегиќ пред 4 години рече дека Црна Гора е на прагот на епидемија на мали сипаници затоа што и тогаш бројот на деца вакцинирани со ММР-вакцината беше мал.
„Во Црна Гора имаме речиси 7.000 новороденчиња годишно. На подрачјето на Подгорица покриеноста за ММР-вакцините за 2014 година е 90 проценти, во 2015 година – 88 проценти, во 2016 година – 77 проценти, во 2017 година – 61 процент, во 2018 година – 36 проценти, во 2019 година била 8 проценти во октомври и сега се зголеми на 11,5“, рече Кавариќ и додаде дека практично 90 проценти од популацијата на децата во 2019 година е невакцинирана.
„Доволно е едно дете да стигне до фаза кога е заразно, 4 дена пред појавата на морбили и 4 дена по закрепнувањето да пренесе, и ќе имаме епидемија на морбили“, истакна Кавариќ како гостин на утринската програма на Телевизијата на Црна Гора.
За тоа, додава тој, треба да се размислува сега кога немаме епидемија. За да не дојдеме во ситуација на епидемија, додава тој, треба да се вакцинираат 95 % од децата.
„Фактот дека веќе немаме епидемија е случајност. Сè уште имаме траги од колективен имунитет од претходните генерации, но најранливи се генерациите што не биле вакцинирани“, рече Кавариќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

