Регион
ЕУ одлучи – рампа за српските граѓани

ЕУ не ја врати Србија на списокот со трети земји на кои им е дозволен слободен влез во ЕУ, дознава „Танјуг“ во Брисел.
Иако во работните тела на Советот на ЕУ беше иницирано прашањето за враќање на Србија на списокот на земји за кои нема ограничувања за влез, амбасадорите на земјите членки ја отстранија оваа тема од денешниот состанок.
„Амбасадорите не разговараа на таа тема, така што нема промени на списокот“, велат германски дипломатски извори за „Танјуг“.
Дипломатски извори наведуваат дека некои земји членки, предводени од Грција, се залагале границите на ЕУ да бидат отворени за граѓаните на Србија поради подобрувањето на епидемиолошката состојба.
„Преовладувачката процена е дека ситуацијата не е стабилизирана доволно како во Србијаж така и во ЕУ“, јавува „Танјуг“.
Списокот на трети земји за слободен влез во ЕУ се ревидира на секои две недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес.
Тие беа пренесени во Варна со воениот авион Спартан, кој првично слета во Софија, каде што пет пациенти беа сместени во болницата Пирогов.
Бугарија се обврза на лекување на 14 повредени во пожарот во Кочани.
Во пожарот што избувна во дискотека во Кочани животот го загубија 59 лица.
Регион
Авион на српската армија со 12 повредени во пожарот во Кочани пристигна во Белград

Дванаесет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани вчера вечер се пренесени од Македонија во Белград со авион CASA C-295 на српската армија, кои ќе бидат згрижени во Воената медицинска академија и во Клиничкиот центар на Србија, јави Танјуг.
Претходно, авион со четворица лекари и четворица медицински техничари полета за Македонија за медицинска евакуација на повредените во несреќата. Двајца пациенти кои претходно биле пренесени од Македонија со воени амбулантни возила се на лекување во Воената болница Ниш и Клиничкиот центар Ниш. За да им се пружи помош на повредените, планирано е двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог) и еден медицински техничар – инструмент-оператор да останат во Македонија, пренесе српски Телеграф.
Најмалку 59 лица загинаа во пожарот што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Регион
Новак Ѓоковиќ го објави македонското знаме со црна панделка

По големата трагедија се случи во Кочани, Македонија, каде што најмалку 59 лица го загубија животот по пожар во дискотека се огласи и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Тој на социјалните мрежи го објави знамето на Македонија со црна позадина, испраќајќи поддршка до семејствата на загинатите и повредените.