Регион
За оние што планираат одмор, две корона-мерки се актуелни во Црна Гора
Летната сезона е во тек, а многумина ја избираат Црна Гора како место за годишен одмор. Неопходно е да се знае дека владата на Црна Гора донесе одлука актуелните епидемиолошки мерки против коронавирусот да останат во сила од 15.7.2022 година и да бидат во сила следните 14 дена.
„Со оглед на тоа што туристичката сезона е во полн ек и голем број туристи летуваат во Црна Гора, на сопствениците на туристичките компании (угостители/хотелиери) им се препорачува строго да носат заштитни маски сите вработени, со цел спречување на Ковид-19 и одржување на работата во текот на летната туристичка сезона“, соопшти тамошната влада.
Се препорачува и носење маски на аеродроми, железнички станици и автобуски постојки, како и на места каде што има поголема групација на луѓе, а препораката особено се однесува на хронични пациенти, стари лица и на имунокомпромитирани лица.
Носењето заштитна маска се препорачува кај вработените во предучилишните установи.
„Натамошното следење и развој на епидемиолошката состојба може да влијае на евентуална промена на постојните мерки“, наведуваат од Владата.
Во Црна Гора во моментот има 3.104 активни случаи на коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Maж падна од опасна карпа на Паг и почина, спасена алпинистка
При искачување на опасна карпа на Паг, еден маж почина, а една жена беше спасена во голема операција на хрватската служба за спасување.
„Добивме пријава во 13 часот и 32 минути дека две лица наводно се качувале на карпа кај Метајна. Едното лице паднало и починало. Другото е на карпата. Засега не може да им се пристапи од копно“, рекоа од полицијата.
Покрај полицијата, на местото на настанот има и други служби за итна помош – брза помош, пожарникари.
Малку по 17:00 часот од карпите е спасена жена, откако спасувачите со чамци се приближиле до карпата од морската страна.
Регион
Додик: Нема да ја почитувам одлуката на Уставниот суд
Српскиот лидер во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изјави дека нема да ја почитува одлуката на Уставниот суд на таа земја, кој го оспори изборниот закон за ентитетите и покрај тоа што неговата партија ќе учествува на претстојните локални избори, кои се одржуваат според одредбите на друг државен изборен закон.
„Изборниот закон на Република Српска е уставен и овој правен акт ќе се применува“, изјави Додик за Радио-телевизија на Република Српска реагирајќи на вчерашната одлука на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.
Тој суд оцени дека со донесувањето на Изборниот закон на Република Српска е прекршен Уставот на Босна и Херцеговина. На овој начин се оспорува улогата на Централната изборна комисија на БиХ, која е задолжена за организирање и спроведување на изборите.
На ваков потег се одлучија откако високиот меѓународен претставник, Кристијан Шмит, наметна измени во Изборниот законик на Босна и Херцеговина.
Сепак, Додик тврди дека само ќе го почитува Изборниот законик за ентитетите бидејќи тој не бил оспорен од Уставниот суд на Република Српска. Но, државниот е.
И покрај приговорите и отфрлањето на одлуките на Уставниот суд на БиХ, кои властите на Република Српска ги нарекуваат скратени затоа што двајца српски судии не учествуваат во неговата работа, партиите на власт од тој ентитет сепак ќе учествуваат на претстојните локални избори организирани од државната Централна изборна комисија.
Овие избори ќе се одржат на 6 октомври, а ќе се изберат нови свикувања на градските и општинските совети и раководители на 141 општина и град.
Регион
Борел следната недела со лидерите на Западен Балкан
Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел, ќе приреди работен ручек за шестмина лидери од Западен Балкан следниот четврток во Њујорк на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, објавено е денеска на веб-страницата на ЕУ, пренесуваат медиумите во регионот.
Во соопштението се наведува дека висока делегација на Европската комисија ќе учествува на 79. сесија на Генералното собрание на ОН следната недела во Њујорк, а фокусот на ангажманот на ЕУ ќе биде ставен на решавање низа невидени конфликти и кризи околу светот.
Делегацијата на ЕУ ќе ја сочинуваат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, извршната потпретседателка Маргарет Вестагер, високиот претставник Борел, потпретседателката Дубравка Шуица, како и комесарите Стела Киријакидес, Дидије Рејндерс, Илва Јохансон, Јанез Ленарчич, Јута Урпилаинен, Кадри Симсон и Вопке Хокестра.