Контакт

Регион

Каракачанов му одговори на Макрон: Не сме луѓе од втор ред!

Објавено пред

Населението на Источна Европа не може да се смета за народ од втор ред, изјави бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, коментирајќи ги зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон дека тој повеќе ги сака мигрантите од Африка отколку украинските и бугарските банди, пренесува бугарската државна телевизија БНТ.

„Дури и Украинците, кои не се во ЕУ – нормални, образовани луѓе – сега се Европејци. Не можеш да велиш дека не сакаш да нè видиш нас, Украинците или Романците“, изјави Каракачанов. Тој смета дека Макрон треба да ги посети квартовите во Париз во кои живеат мигрантите за кои тој зборува.

„Тој треба да се прошета низ париските квартови каде што живеат мигрантите од Африка што дојдоа пред неколку години: да види каква диктатура воспоставија таму зашто таму нема државна власт и полиција, а потоа нека зборува за разни банди и канали“, рече тој.

Каракачанов исто така изрази несогласување со Макрон за изјавата дека НАТО е во состојба на клиничка смрт. Според Каракачанов, причината за таквите зборови е несогласувањето со ставовите на САД и некои европски држави во врска со воените расходи, како и разните економски интереси.

Некои членки на ЕУ, вели тој, продолжуваат да покажуваат со палецот кон државите од Источна Европа, а проблемите со корупцијата ги чувствуваат и другите држави од сојузот, на кои исто така им е потребен мониторинг.

„Зарем не треба да водиме мониторинг во Италија и Франција? Зарем таму нема корупција? Таму се браќа или татко и син – еден е министар, другиот пратеник, таму ги вработуваат своите сопруги. Но, таму, секако, нема проблеми. Проблемите се само во Источна Европи – тоа се лагите, на нив треба да се покаже со прст. Не се согласувам со тоа“, нагласи Каракачанов.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Разбојници барале 250.000 евра за Македонец киднапиран во Тирана, го спасила полицијата

Објавено пред

Две лица се уапсени во Албанија под обвинение дека во главниот град Тирана, вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин.

Според информациите од албанските медиуми, киднаперите барале 250 илјади евра.

Во рамки на полициската акција, уапсени биле двајца жители на Тирана на возраст од 41 и 42 години, а како што се пренесува, од слобода ќе се брани 50-годишник од Струга.

На уапсените им е одредена мерка притвор.

„Тројцата осомничени во соработка со уште едно лице, во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана, го киднапирале македонскиот државјанин Давор В. (23). За да го ослободат, под закана со оружје, барале сума од 250.000 евра“, стои во полициското соопштение за настанот, кое го пренесуваат албанските медиуми.

Прикажи повеќе...

Регион

Инциденти на влезот од српското Собрание

Објавено пред

Повеќе демонстранти кои учествуваа на вечерашниот опозициски протест „1 од 5 милиони“ во Белград, се пробија до влезната врата на српското Собрание на плоштадот „Никола Пашиќ“, пренесе агенцијата „Танјуг“.

Притоа дошло до туркање меѓу демонстрантите и обезбедувањето, кога еден демонстрант се обиел да го скрши стаклото на влезните врати со јарбол од знаме, но бил спречен во намерата.

Меѓу демонстрантите пред вратите на Собранието бил и претседателот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ.

Во Белград вечерва се одружува уште еден протест „1 од 5 милиони“, прв во втората година откако започнаа протестите.

Протестите во Србија под овој слоган започнаа есента 2018 година, по инцидентот во кој беше претепан лидерот на Левицата во Србија, Борко Стефановиќ.

Според нивната стратешка цел и организација, тие се индиректно продолжување на „протестите против диктатурата“ од 2017 година и се насочени против начинот на кој српскиот претседател, Александар Вучиќ, ја спроведува власта.

Прикажи повеќе...

Регион

Серија земјотреси на Крит

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 4,4 степени попладенво го погоди грчкиот остров Крит, соопшти Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 30 километри во водите јужно од Крит, пренесе агенцијата АНА.

На овој земјотрес му претходеле серија потреси во зоната на Крит, со јачина од 3 до 4,4 степени, стои на веб-страницата на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Заев: Делото на Свети Климент Охридски нѐ потсетува трпеливо и мудро да се соочуваме со предизвиците

Премиерот Зоран Заев вечерва имаше свое обраќање на духовната академија во чест на празникот Свети Климент Охридски, патрон на Македонската...

Македонија6 часа

Полесно повредените македонски патници во автобуската несреќа во Србија се враќаат дома

Според последните информации добиени од болницата во Прокупље, каде беа згрижени 16 од вкупно 26 патници повредени откако се преврте...

Македонија7 часа

Полицијата разби криминални групи од Грчец и Арачиново – 12 приведени, запленети автомобили, оружје и дрога

Десет лица од скопските села Грчец и Арачиново се уапсени во големата полициска акција која започна денеска во пет часот...

Топ9 часа

МНР: Во несреќата во Србија се повредени 26 патници кои оделе на екскурзија во Копаоник

Во несреќата која што изутринава се случи во Србија, кога се превртел македонски автобус кој превезувал патници на Копаоник, се...

Македонија10 часа

Заев: Законот за јазици ќе се ревидира согласно забелешките на Венецијанската комисија

Премиерот Зоран Заев најави ревидирање на Законот за јазици во согласност со забелешките на Венецијанската комисија. „Законот за јазици ќе...

Економија12 часа

Арсовска: Македонија ја нема на ранг листата на светски препознатливи брендови

Македонските брендови тешко се позиционираат, мала e застапеностa на нашите производи на глобалните пазари, a истото се должи генерално на...

Македонија13 часа

Сараево, Белград и Скопје меѓу најзагадените градови во светот

Сараево, Белград и Скопје изутринава се меѓу најзагадените градови во светот. Главниот град на Босна и Херцеговина, утрово е второрангиран...

Топ14 часа

Момче избодено со нож во Бутел, го нападнале група малолетници

Во Полициската станица Чаир, малолетник од Скопје пријавил дека синоќа околу 19.45 часот, на улицата „Александар Урдаревски“ бил физички нападнат...

Свет14 часа

Трамп тврди дека не користи личен мобилен поради безбедносни ризици

Американскиот претседател Доналд Трамп ги негира медиумите дека користи личен мобилен телефон за разговори и покрај предупредувања од безбедносите служби....

Свет14 часа

Голем пожар му се заканува на Сиднеј, се евакуира населението

Голем пожар што беснее околу 60 километри северно од Сиднеј, зафати 300.000 хектари и е невозможно да се контролира во...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Каде завршила ташната Луј Витон со 1.5 милиони евра?

„Власта и Русковска ја развлекуваат постапката за ‘Рекет’. Шест месеци откако е пријавен случајот се уште немаме одговори каде завршила...

Свет14 часа

Фејсбук казнет со четири милиони долари во Унгарија

Фејсбук ќе треба да плати казна од околу четири милиони долари, на Агенцијата за заштита на конкуренција во Унгарија поради...

Економија15 часа

Започна исплатата на МојДДВ – три милиони евра ќе им бидат исплатени на граѓаните

Од вчера започна поврат на дел од платеното ДДВ за месеците јули, август и септември кон граѓаните. Над сметките на...

Економија1 ден

(Видео) Деспотовски: Одговорноста за грантовите на Ласкова и на Анѓушев е моја, не избегав ни тогаш ни сега

На сите 320 фирми што досега добиле грантови од Фондот за иновации може да им се залепат етикети дека се...

Македонија1 ден

Одбиено барањето за апанажа на Катица Јанева

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна...

Македонија1 ден

(Видео) Камчев: Филипче ми e пријател и немаше никакви бизнис-зделки со Боки 13

Бизнисменот Орце Камчев по судењето за „Рекет“, запрашан за врските меѓу него и министерот за здравство, Венко Филипче, не сакаше...

Македонија1 ден

Благајник си присвоил пари од касата на „Македонска пошта“

Благајник во подружница на „Македонска пошта“ во Гостивар противправно присвоил за себе парични средства во износ од 1.925.128 денари, кои му...

Македонија1 ден

(Видео) Максим Ацевски најприфатлив предлог за генералан државен ревизор

Пратениците едногласно го прифатија предлогот Максим Ацевски да биде избран за генерален државен ревизор. Предлогот беше усвоен со консензус, без...

Македонија1 ден

(Видео) Камчев: Алчноста на Катица за пари беше клучна во оваа работа

Бизнисменот Орце Камчев по денешното сведочење за случајот „Рекет“ откако излезе од судот уште еднаш потенцираше дека Бојан Јовановски, Катица...

Македонија1 ден

На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата. Јовановски го персира, додека...

Досие