Регион
Катедрала оштетена по земјотресот во Загреб – од едната кула паднал крстот

Во двата последователни земјотреси што утрово го погодија Загреб, оштетена е и познатата катедрала во градот, односно целосно е уништен врвот на една од нејзините кули.
„Надбискупскиот двор е тешко оштетен, а за катедралата штетите допрва ќе се проценуваат. Чекаме да дојдат инженери. Сè е расфрлано на сите страни, а ние сме во голем шок“, изјавил за медиумите ректорот на загрепската катедрала, Јосип Кухтиќ.
Загрепската катедрала, чие целосно име е Успение на блажена Дева Марија и Свети Стјепан и Ладислав, е неоготска базилика во Загреб, лоцирана на Каптол.
Според центарот за итни ситуации во моментов нема податоци за тешко повредени во земјотресот кој предизвика значителна материјална штета во хрватската престолнина. Во некои делови од градот се слушаат сирени, на терен се пожарникарите, кои дејствуваат по дојави на граѓаните.
#potres #vijest #zagreb #hrvatska pic.twitter.com/dlQaiDezer
— Monika Damjanović (@monika_cro) March 22, 2020
Луѓето панично ги напуштиле своите згради и куќи и излегле на улиците, но докторите апелираат да се држи потребното растојание од околу 2 метра со цел да се избегне ширењето на коронавирусот.
#earthquake #Zagreb pic.twitter.com/6H9DY9Yvh3
— Marc Witteveen (@marcwitteveen) March 22, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Грчки воен авион се урна во Јонското Море, се трага по пилотите

Грчки спасувачи трагаат по двајцата пилоти на борбениот авион „Ф-4“ кој се урна во Јонското Море кај западна Грција, јави државната телевизија.
Авионот, кој бил на тренинг лет, се урнал на 25 наутички милји (46 километри) јужно од аеродромот Андравида на полуостровот Пелопонез.
Медиумите објавија дека двајца пилоти се катапултирале од леталото, но властите не можеа да ја потврдат оваа информација.
Регион
Милановиќ: Ја провоцираат Русија од 2014 да почне војна, па ние и Србите не се мразевме толку

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ја коментира ситуацијата во Украина нагласувајќи дека Русија со години била провоцирана.
Тој рече дека Хрватска не смее да биде доведена во ситуација да биде зависна од никого.
„Некои во Европскиот парламент зборуваат за кинење на Русија – тоа е лудост. Ние и Србите не се мразевме толку многу. Тоа лудило, ако не можете да му ставите крај, бегајте затоа што ќе премине на вас“, рече тој.
ZORAN MILANOVIĆ UZBURKAO JAVNOST: „Ako to nije Ante Pavelić, onda je Andrej Plenković; Govori se i o kidanju … https://t.co/4jiR2RIkNB
— Slobodna Bosna (@SlobodnaBosna) January 30, 2023
„Ментално се подготвив за тоа дека ќе бидеме доведени до статус на кловнови. Но, нема да дозволам да станеме циркуски пудлици, а тоа некои се обидуваат да го направат од нас. Да останеме кловнови, тоа е почесна улога, тоа е уметност“, рече Милановиќ.
Според него, влогот е голем во оваа војна и ниту еден од нив не може да отстапи.
„Тоа е опасно и ова го кажувам пред една година и за нападот на Украина. Од 2014 до 2022 година гледаме како некој ја провоцира Русија со намера да ја почне оваа војна. Тој избувна. Помина една година, само сега зборуваме за тенкови. Ќе ги испратиме сите германски тенкови таму бидејќи нема советски тенкови, тие се уништени. И овие ги чека истата судбина. Ме прашувате кое е решението? Тоа го прашувам Вашингтон. Кое е решението? Да се остави Украина без мажи? Јас не сум претседател на Украина“, изјави Милановиќ.
„Русија не е премногу слаба за тоа што го прави. Не станува збор за морал, каде што до вчера луѓето беа разиграни пацифисти во фустани и сега би распарчувале луѓе. Решението не е промена на власта во Русија. Германските тенкови во Харков ќе ги доближат до Кинезите. Ова не е добра работа што се прави“, предупреди тој, додавајќи дека е штетно за Западот.
Регион
Шоле и Ескобар: Време е да се формира заедница на српски општини

Советникот во американскиот Стејт департмент, Дерек Шолe, и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, посочија дека е време да се формира заедница на општини со српско мнозинство и дека тоа е правно обврзувачка меѓународна обврска.
Шоле и Ескобар во авторски текст за приштинска „Коха“ објаснуваат како би изгледала Унијата и наведуваат дека една од најважните цели на САД на Западен Балкан е да помогне „да се создадат услови за здрави, мирни и стабилни односи меѓу Србија и Косово“ оценувајќи дека ова е историска можност што треба да ја искористат двете страни.
Тие нагласуваат дека меѓу најкритичните задачи е спроведувањето на договорот за заедница на општини со српско мнозинство и дека е време јасно да се каже што е, а што не.
Како што објаснуваат, заедницата би била структура за општини со мнозинско српско население, која би ги координирала прашањата и услугите, како што се образованието, здравството, урбаното и руралното планирање и локалниот економски развој, со други зборови – функции што се одговорност на сите општини на т.н. Косово.
Сметаат дека ова е начин да се подобри секојдневието на граѓаните, да се создаде доверба меѓу Србите и владата на привремените приштински институции, да се обезбедат подобри врски меѓу северот и остатокот од т.н. Косово и да се создадат механизми Србите да учествуваат повеќе во општествениот живот.
Шоле и Ескобар посочуваат дека имплементацијата на договорот за ЗСО е правно обврзувачка меѓународна обврска, која бара дејствување на Приштина, Белград, ЕУ, како и постојна посветеност на САД во поддршката на дијалогот со посредство на ЕУ.
Тие посочуваат дека посветеноста на Приштина за создавање заедница не го прекршува косовскиот Устав, ниту, како што наведуваат, ги загрозува „нејзиниот суверенитет, независност или демократските институции“ и додаваат дека САД силно се противат на создавање каква било етничка заедница чна на слиРепублика Српска во Босна и Херцеговина.
Шоле и Ескобар наведуваат дека меѓународната заедница не бара да наметне решение, туку бара од Приштина да ја даде својата визија за заедницата и потсетуваат дека специјалниот претставник на ЕУ изјавил дека постојат 14 слични аранжмани во рамките на ЕУ, од кои ниту еден не поткопува европски системи на ефективно владеење.
„Во рамките на дијалогот што го води ЕУ, Косово може да отфрли опции што ја загрозуваат неговата правна структура, но не може да ги отфрли неговите обврски“, истакнуваат двајца високи американски дипломати.
Тие додаваат дека САД како „најпрокосовска земја во светот“ се залагаат за поддршка на народот на т.н. Косово, со цел да се осигурат дека „неговата уставна и правна структура не е загрозена“.
Тие наведуваат дека општините со заеднички интереси, јазик и култура би можеле поефикасно да соработуваат за да ги решат заедничките предизвици во обезбедувањето јавни услуги, а како пример наведуваат дека општините ќе може да креираат наставни програми и програми на српски јазик за локални училиштата во некои општини, а не да работат, како што се наведува, во вакуум.
Шоле и Ескобар наведуваат дека општините ќе соработуваат во рамките на „легитимните косовски институции и структури“ и дека со овозможување одредени општини поефикасно да ги извршуваат овластувањата што веќе ги имаат, потребата граѓаните да бараат услуги од, како што е наведено, „незаконски паралелни структури“.
Тие додаваат дека секоја поддршка и помош што Србија ќе ѝ ја понуди на заедницата треба да биде транспарентна и да оди преку легитимни и дозволени канали.
Шоле и Ескобар нагласуваат дека заедницата на општини со српско мнозинство нема да биде ненационална и дека тоа би биле општини со српско мнозинство, каде што не живеат само Срби, туку и Албанци, Бошњаци и други.
Двајцата американски дипломати потенцираат дека САД се подготвени да ја поддржат Приштина во исполнувањето на обврската за формирање ЗСО и дека ќе стојат на секој чекор до неа.