Регион
Косово ја помина првата препрека за влез во Советот на Европа, познато како гласале државите

Барањето на Косово за прием во Советот на Европа е проследено до Парламентарното собрание на оваа организација на понатамошна постапка.
Ова е одлучено на денешната вонредна седница на Комитетот на министри, потврди за „Косово онлајн“ шефот на мисијата на Србија во ЈИ Александра Ѓуровиќ.
За оваа одлука гласаа претставници на 33 земји, седум беа против (Србија, Азербејџан, Грузија, Романија, Кипар, Шпанија и Унгарија), додека пет беа воздржани (Грција, Словачка, Молдавија, Украина и БиХ).
Српската делегација по гласањето ја напуштила салата со изјава дека „Србија ќе ги разгледа моделите на понатамошно учество во организацијата“, пишува „Б92“,
Денешниот вонреден состанок на Комитетот на министрите беше свикан на инсистирање на Квинтата, пред се’ на Германија, која бараше на дневен ред конечно да се најде апликацијата на Косово.
Косово аплицираше за членство во Советот на Европа на 12 мај минатата година.
Апликацијата на Косово за членство во Советот на Европа прво ја разгледува Комитетот на министри, а по проценката на ситуацијата во Косово, последниот збор го дава Парламентарното собрание кое го сочинуваат национални претставници на земјите-членки.
За прием на земја во Советот на Европа е потребно двотретинско мнозинство гласови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидик

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми.
Сè се случило во градот Сивири на Халкидик, популарно одморалиште кај туристите од регионот.
Таа беше извлечена од морето во средата попладне.
Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар во Касандра, каде што беше констатирана смрт.
Вториот оддел на пристаништето Неа Мудања, при Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, нареди обдукција во Службата за судска медицина во Солун.
Регион
Тело на Србинка извлечено од морето во Грција

Седумдесет и тригодишна Србинка е пронајдена мртва во морето крај брегот на Касандра, Грција, пренесе српски Телеграф.
Таа е пронајдена во несвест во морето крај брегот на Касандра на Халкидики во среда околу пладне и со брза помош е пренесена во Здравствениот центар во Касандра, каде што е констатирана смрт.
Според информациите, истрагата е во тек, а ќе биде извршена и обдукција, јавува грчката агенција АНА.