Регион
Кој не плаќа алиментација нема да добие пасош во БиХ
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за патни исправи на БиХ, со кој се предвидува дека лицата кои не платиле алиментација не може да добијат пасош на БиХ и дека на такви лица може да им се одземе веќе издадениот пасош, денес е во собраниска процедура.
Со предложените измени и дополнувања на Законот значително се заострува третманот на лицата кои ги избегнуваат обврските кон своите деца, бидејќи издавање пасоши нема да биде можно ако сите тие обврски не се исполнети, а во такви ситуации ќе биде задолжително и одземање на веќе издаден пасош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Почина уште една од повредените жени при падот на Железничката станица во Нови Сад
Една од повредените жени при падот на настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад им подлегна на повредите, потврди за РТС директорката на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов.
– Со жалење мораме да соопштиме дека денеска, 17 дена по трагичниот настан на железничката станица, почина уште една жртва во несреќата што се случи во Нови Сад. Се работи за девојката која беше најтешко повредена. И покрај сите напори на лекарите од Клиничкиот и Универзитетскиот центар на Војводина, дојде до смртен исход – изјави Весна Туркулов.
Таа изрази сочувство до семејството на починатото девојка и изјави дека борбата за животите на преостанатите двајца преживеани продолжува. Сега веќе 15 лица загинаа при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.
Регион
Во Нови Сад пронајдено тело на обезглавена жена, уапсен e синот
Тело на обезглавена жена е пронајдено денеска во новосадската населба Телеп, пренесува Танјуг. Нешто пред 12 часот ќерката повикала полиција и рекла дека брат и ја нападнал нејзината мајка.
По пристигнувањето полицијата го пронашла синот со траги од крв на рацете и безглавото тело на мајката кое било далеку од телото. Убиената е родена 1947 година, додека осомниченит за убиството е роден 1977 година и имал психички проблеми.
На лице место се спроведува истрага, а присутен е и обвинител на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.
Од полициската управа во Нови Сад за Танјуг потврдиле дека се случило убиство и дека синот е уапсен, но повеќе детали не се откриваат.
Регион
(Видео) Брод полн со патници удри во гребен во Хрватска
Катамаранот „Принцот од Задар“ вечерва се насука во близина на хрватскиот остров Премуда.
Како што пренесува 24часа.хр, бродот удрил во гребен пред островот, кој е прва станица на неговата рута.
Се додава дека во бродот имало околу 50 патници. Набрзо на помош пристигнале и бројни мештани кои ги префрлиле патниците кои чекале со елеци за спасување во приватни чамци.
Патниците ги чека траектот Јадролинија, кој беше на пат кон Задар.