Регион
Кремљ: Путин и Вучиќ разговараа за Косово
Рускиот претседател, Владимир Путин, и српскиот претседател, Александар Вучиќ, телефонски разговараа за решавање на косовскиот проблем, објави Кремљ.
Во соопштението се додава дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го информирал рускиот претседател, Владимир Путин, во денешниот телефонски разговор за разговорите во Вашингтон и Брисел, одржани на 4 и 7 септември.
„Посебно внимание се посветува на проблемот со Косово. Вучиќ го информираше (Путин) за преговорите во Вашингтон и Брисел на 4 и 7 септември. Путин ја потврди непроменетата позиција на Русија за избалансирано и компромисно решение, прифатливо за Белград, а кое треба да биде утврдено од Советот за безбедност на ООН“, се вели во соопштението.
Телефонный разговор с Президентом Сербии Александром Вучичем https://t.co/d7gil2ML5G
— Президент России (@KremlinRussia) September 10, 2020
Телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели бил инициран од српска страна, а се додава и дека посебно внимание било посветено на решавањето на косовското прашање, пренесува ТАСС.
„Путин ја потврди непроменливоста на принципиелниот став на Русија во врска со изнаоѓањето компромисно и избалансирано решение прифатливо за Белград, кое мора да биде одобрено од Советот за безбедност на ООН“, се вели во соопштението.
Беше потенцирана подготвеноста за понатамошна блиска соработка со него за целиот спектар на прашања од билатералната, регионалната и меѓународната агенда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Снег падна и на Крит и островите во Егејот, дел од училиштата затворени
Снег падна во Грција, на полуостровот Халкидики и на островите во северниот Егеј – Лимнос, Лезбос, Хиос и Споради, како и на планините околу Атина, но и на Евија и Крит.
На Крит сообраќајот на места беше во прекин поради силен град.
Поради временските услови, работата на повеќе училишта е прекината, а наставата се одвива онлајн таму каде што е можно.
Иако температурите се над нулата, снегот и понатаму се задржува.
Фото: pexels
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос

