Контакт

Регион

Лајчак: Не беше залудна средбата меѓу Вучиќ и Курти во Брисел

Објавено пред

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска оцени дека средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел „не била залудна“.

dobivaj vesti na viber

„Тоа беше значително поинаков круг. Имавме многу професионална, фокусирана дискусија со почит, но тие не се бореа, ги почитуваа визиите што и двајцата ги имаат и се свесни за разликите“, рече Лајчак во интервју за Би-би-си на српски јазик.

Во обид да се договори пред 1 септември, Лајчак прво доаѓа во Приштина, а потоа во Белград. Тој ќе биде придружуван од американскиот пратеник за Балканот Габриел Ескобар.

На прашањето за проблемот со регистарските таблички, Лајчак одговори во контекст на руската агресија врз Украина.

„Приоритет е да ѝ помогнеме на Украина во војната и тоа ги троши нашите капацитети, така што во ЕУ нема разбирање за евентуален конфликт на Балканот што би се водел за работи кои не се болни, итни, не чинат многу и не загрозуваат животи“, рече Лајчак.

Тој додаде дека „ЕУ разбира дека не смее да изгледа како да изгубила интерес и да ја сврти главата кон исток – затоа ни се потребни позитивни примери од регионот“.

На прашањето дали Заедницата на српските општини (СОМ) е политичко или правно прашање, европскиот преговарач вели дека има елементи и од двете.

„Договорот од Брисел е ратификуван во косовскиот парламент и тоа е законска обврска на Косово – правниот аспект е поголем од многу други договори постигнати во Брисел, кои не беа ни ратификувани. Политичкиот аспект е насекаде околу нас и нè спречува да ги спроведеме договорот“, рече тој.

Регион

Вучиќ: Ќе се гради интерконектор меѓу Србија и Северна Македонија

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека енергетската ситуација во Србија е тешка и рече дека земјата купува од Русија две милијарди кубни метри гас, но би било добро да добијат уште една милијарда од другата страна.

dobivaj vesti na viber

Тој ова го кажа во изјава за медиумите по свеченоста за пуштање во употреба на новиот интерконектор меѓу Бугарија и Грција денеска во Софија.

Вучиќ рече дека и е благодарен на Европската комисија за поддршката и најави дека Србија ќе продолжи да работи на диверзификација на гасот.

„За тој проект ќе изградиме интерконектор меѓу нас и Северна Македонија од многу причини, исто така поради можноста за поврзување со ТАП, кој води од Азербејџан до Италија, па да видиме што можеме да добиеме во иднина“ изјави Вучиќ.

Посочи дека се разгледуваат и други енергетски можности и нови гасоводи на територијата на Србија.

Исто така, рече дека државата размислува за нови нафтени линии, бидејќи, како што нагласи, „некои се фалат дека им прават голема услуга со тоа што Србија им плаќа многу пари за транзит на нафта“.

На тој начин, рече Вучиќ, ќе ја диверзифицираме и нафтата за да можеме да го земеме овој извор на енергија од различни извори, не само преку хрватскиот нафтовод, туку и од Албанија, Грција и некои други земји.

Тој нагласи дека овие проекти се од стратешко значење за следната зима и ќе и овозможат на Србија да има малку повеќе гас отколку што има денес.

Вучиќ додаде дека ситуацијата во моментов е многу тешка, нагласувајќи дека побарал земјите од Западен Балкан да добијат одредени пари како компензација за огромните цени што ги плаќаме.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ од Бугарија: Вклучете го Западен Балкан во плановите на ЕУ за цените на енергијата

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, побара од ЕУ да ги стави земјите од Западен Балкан на заедничката листа на земји од ЕУ кога станува збор за цените на енергијата.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ кој присуствуваше на пуштањето на гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција, рече дека настанот е од големо значење за Србија бидејќи земјата ја почна изградбата на интерконектор со Бугарија.

„Се надевам дека во 2023 година ќе можеме да одржиме голема церемонија“, рече Вучиќ.

Тој посочи дека претстојната есен и уште потешка зима ќе бидат тешки за сите кога станува збор за цените и обезбедувањето доволни количества енергија и побара, обраќајќи и’ се на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, да се стават земјите од Западен Балкан на заедничка листа со земјите од ЕУ.

„Драга Урсула, не го слушајте 100 проценти мојот пријател Киријакос Мицотакис и не ги повторувајте 100 посто мерките од ерата на борбата против Ковид – благодарни сме за вашата поддршка, но кога зборуваме за пари, не можеме да ги апсорбираме овие цени на енергентите. Затоа ве молам вклучете го Западен Балкан на тој список заедно со другите од ЕУ и знам дека мојот пријател Мицотакис ќе се согласи нашите земји од Западен Балкан да ги ставите на ист список со земјите од ЕУ кога се во прашање цените и ќе бидеме бескрајно благодарни“, рече Вучиќ.

Мицотакис истакна дека земјите од ЕУ мора да дејствуваат заедно и да избегнат фрагментација на европскиот енергетски пазар.

Вучиќ рече дека е убеден оти сите ги очекува многу тешка есен и зима, а потешка отколку што очекува Лајен, која, како што рече, мора да биде оптимист кога зборува за тоа.

„Пред да дојдам тука имав дилема како ќе се однесува Урсула фон дер Лајен со мене, но беше многу љубезна и, знаете зошто го велам ова, иако се чувствував како ‘црна овца’ во друштво на овие големи пријатели, морам многу да и’ се заблагодарам и не се додворувам никому со ова – Урсула ни помогна многу кога е во прашање изградбата на гасниот интерконектор меѓу Србија и Бугарија и планирањето на интерконектор меѓу Северна Македонија и Србија“, рече Вучиќ.

Тоа значи нова инфраструктура за Србија, нагласи тој, додавајќи дека потоа ќе може да се изградат нови краци од гасоводот кон другите земји од Западен Балкан кои се дел од ЕУ.

„Никогаш немаше да можеме да ги постигнеме тие цели без нашите пријатели, а без присуството на нашиот пријател, претседателот Илхам Алиев, немаше да можеме да сметаме на диверзификација на изворите за снабдување со гас“, рече Вучиќ, обраќајќи и’ се на Лајен.

Вучиќ му рекол на претседателот на Азербејџан, Алиев дека сега е многу популарен во Европа и дека не може да го достигне.

„Многу пати разговарав со него, но сега едноставно не можам да го допрам, Алиев е многу популарен во Европа и не знам што направил во меѓувреме, но би сакал да го сподели со мене рецептот за како успеал во тоа“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека ова е многу важен ден за Србија и дека кога вели дека не претерува.

„Секогаш се собираме кога мислиме дека нешто важно се случува, иако нашите луѓе тоа не го сфаќаат од првиот момент“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека Азербејџан е вистински пријател кој е со Бугарија и во време на неволја.

Вучиќ претходно изјави дека Србија на нејзина територија започнала со изградба на гасен интерконектор со Бугарија и дека двете земји проектот ќе го завршат за една година.

Вучиќ: Србија нема да воведе санкции за Русија

Србија не воведува санкции кон Русија, бидејќи таа се бори за својата политика каде што може, а нашата политика е дефинирана со заклучокот на Советот за национална безбедност, рече Вучиќ.

„Новите случувања на геополитичката сцена ќе имаат сериозни последици за Србија, која ќе биде под голем политички притисок, раководството треба да се води од здравиот разум и да ја спаси својата земја во најголемата криза“, додаде тој.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Регион

Интерконекторот со Грција е во функција, Бугарија сега добива гас од Азербејџан

Објавено пред

Проектот за интерконектор е на агендата на ЕУ веќе 10 години. Започна во 2009 година, кога Бугарија беше многу силно погодена од одлуката на Газпром да го прекине протокот на гас низ Украина. Беше потребно долго време за да се постигне целта. Ова го изјави претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лејен, на свеченото отворање на бугарско-грчката гасна врска, преку која Бугарија ќе добива азербејџански гас, јави БГНЕС.

dobivaj vesti na viber

„Навистина е потребна голема желба, страст и волја за еден ваков проект, а денес би сакалa да ви се заблагодарам вам, тимот за интерконектор, и да им се заблагодарам на бугарската и грчката влада што помогнаа да се оствари ова. Потребно е трпение и очигледно е дека го имате. ЕУ го поддржа овој проект од самиот почеток и фактички и финансиски – со близу 250 милиони евра“, рече Фон дер Лајен.

Таа истакна дека овој гасовод „ја менува играта“, ја менува ситуацијата и за Бугарија и за енергетската безбедност во Европа.

Во поздравните говори беше заклучено дека овој проект значи ослободување од зависноста од рускиот гас,

Претседателот Румен Радев е домаќин на официјалната церемонија на пуштање во функција на интерконекторот во Софија. Покрај претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, присутни се и претседателите на Азербејџан Илхам Алиев, претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, премиерот на Грција Киријакос Мицотакис и премиерот на Романија Николае Чука.

„Сигурен сум дека денешниот настан не е само церемонија на отворање на интерконектор. Ова е корисна дискусија која не подготвува за иднината. Се сеќавам на нашите разговори со Мицотакис и за клучната соработка меѓу Бугарија и Грција, која ќе му даде стабилност на регионот. Ова веќе има свој израз, ние го нарекуваме интерконектор“, рече Радев.

„На овој начин ја демонстрираме нашата доверба и нашиот заеднички одговор на нарушените синџири на снабдување и зголемените цени поради војната во Украина. Тоа сериозно и брзо го смени нашиот начин на размислување, затоа многу ја цениме поддршката на нашите соседи кои ни овозможија пристап до нивните национални гасни системи, поддршката на Грција која ни овозможи пристап до Ревитуза“, додаде Радев.

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис изрази уверување дека гасоводот што ќе носи природен гас од Азербејџан во Бугарија, во комбинација со другите инфраструктурни проекти кои се спроведуваат во моментов ќе придонесе во создавањето кредибилна мрежа за снабдување со природен гас.

 

Гасната врска меѓу Бугарија и Грција е долга 182 километри, а може да транспортира 3 милијарди кубни метри природен гас годишно, со можност за зголемување на капацитетот на 5 милијарди кубни метри во следните години.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија, по денешните состаноци...

Свет13 часа

Русија објави дека ја повлекла војската од Лиман

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ги повлекла руските војници од стратешкиот град Лиман во источна Украина. Како што...

Регион14 часа

Интерконекторот со Грција е во функција, Бугарија сега добива гас од Азербејџан

Проектот за интерконектор е на агендата на ЕУ веќе 10 години. Започна во 2009 година, кога Бугарија беше многу силно...

Економија15 часа

Мелничарите најавуваат поскапување на лебот и брашното за 10 отсто

Поради скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата, меничарите најавуваат дека до крајот на ноември цената на лебот,...

Економија15 часа

Мицкоски го покани Битиќи во „Белата палата“ за да му го објасни планот за закрепнување на економијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го покани вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи утре да дојде на состанок во...

Македонија19 часа

(Видео) Петровска: Поддршка од 78 милиони долари од САД за развој на Армијата

Ја добивме веста за сојузничка поддршка од вкупно 78 милиони долари кои ќе се насочат во проектите потребни да ги...

Регион20 часа

Бугарите стравуваат од политички хаос по изборите в недела

Бугарите кои утре ќе одат на четвртите избори за помалку од две години, претпоставуваат дека зимава ги чека неизвесност поради...

Европа20 часа

„Гаспром“: Од гасоводот истече гас колку што и’ треба на Данска за три месеци

Портпаролот на гасниот гигант „Гаспром“, кој е под контрола на Кремљ, во петокот изјави дека истекле 800 милиони кубни метри...

Македонија20 часа

Аферата „Броило“ ќе открие фирми блиски до власта кои правеле милиони во време на кризи, најави опозицијата

Додека стандардот на граѓаните пропаѓа со секој нов ден од кризите, некој дебело профитира и се богати.Тоа ќе го открие...

Економија20 часа

СДСМ: Во март пензиите ќе се зголемат за нови шест проценти

Се очекува наредното зголемување на пензиите во март идната година да изнесува околу 6 проценти, со што пензиите во период...

Македонија21 час

Пендаровски во Бугарија ќе се сретне со Радев и Урсула фон дер Лаен

Претседателот Стево Пендаровски, по покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, денес во Софија ќе присуствува на церемонијата по...

Македонија1 ден

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека ДУИ може да функционира и без него. Оваа негова изјава дојде откако лидерот на...

Европа1 ден

Медведев: Голема Русија повторно се раѓа

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, се огласи по потпишувањето на указот за пристапување на четирите окупирани украински...

Европа1 ден

Зеленски: Подготвени сме за дијалог, но со друг претседател на Русија

Во Украина денеска се одржа итен состанок на Советот за национална безбедност, а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по состанокот...

Топ2 дена

Почина 55-годишен скопјанец, со велосипед удрил во запрено товарно возило

Денеска (30.9.2022), во 13.20 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово – Скопје, во непосредна близина на...

Свет2 дена

(Видео) Путин ја објави анексијата на четирите украински региони: Народот одлучи

Знаете дека референдуми се одржаа во Доњецк, Запорожје, Херсон и Луганск. Гласовите се преброени и народот дефинитивно одлучил, без никакво...

Економија2 дена

(Видео) Фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите до среда, порача директорот на ЕСМ

Фирмите што ги нуди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да ги достават понудите до среда, порача на прес-конференција генералниот директор...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Го повикувам Ковачевски да не дезертира од дуел, како што тоа вообичаено го прави во својот живот

При денешната посета на општина Јегуновце, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски, истакна дека владата и Ковачевски повторно молчат...

Македонија2 дена

Груби: ДУИ може без мене, нема раскол во партијата

Вицепремиерот Артан Груби, смета дека ДУИ може да функционира и без него. Ова доаѓа откако лидерот на оваа партија, Али...

Македонија2 дена

Именуван нов заменик-градоначалник на град Скопје

На позицијата заменик градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски. Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран...