Регион
Лидерот на Самоопределување: Косовската химна е чудна, а знамето грешка
Химната на Косово се вика „Европа“ и нема текст, а знамето на Косово нема ни историска ни некоја друга вредност, освен географска, изјави лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти, гостувајќи во емисијата „Пресинг“ на „Т7“, посветена на изборите.
Зборувајќи за прашањето на знамето, симболите и химната на Република Косово, Курси истакна дека како премиер е природно да ги почитува тие симболи, пренесува „Косев“.
„Не заборавајте дека химната се вика Европа и дека нема текст. Тоа е чудно. Се разбира, јас сум за тоа да се додаде текст во оваа химна, но тоа мора да се направи во согласност со нашиот устав,“ рече Курти.
„Како премиер, се разбира, дека ќе ги почитувам, но би требало да имате на ум дека јас сум лидер на Самооопределување и ги претставувам и оние вредности што се големи за нас. Не е химна на Албанија туку на сите Албанци. Знамето на Косово нема ни историска ни некоја друга вредност, освен географска. Знаеме дека беше грешка, но сега можеме само да го признаеме тоа,“ посочи тој.
Во истата емисија Курти зборуваше и за обединување со Албанија тврдејќи дека Косово има право да ѝ се приклучи, но додаде дека тоа денес е невозможно.
„Тоа не зависи само од нас, туку и од Албанија“, наведе тој и додаде дека партиите, пред сè, се фокусирани на опстанок на државата Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

