Контакт

Регион

„Момчето ги виде масакрот и телата на своите убиени пријатели“: мајката на ученик ранет во „Рибникар“ сведочеше во граѓанската постапка против Кецмановиќ

Објавено пред

Во Вишиот суд во Белград, денеска, со сведочењето на мајката на момчето што беше рането во масакрот на 3 мај минатата година во ОУ „Владислав Рибникар“, продолжи правната постапка против родителите на момчето што го изврши кривичното дело.

dobivaj vesti na viber

Александра Батиниќ, мајка на малолетниот А. Б., изјави дека на 3 мај минатата година, кога се случил масакрот во „Рибникар“, околу 8.45 часот ѝ се јавил синот за да ѝ каже дека е ранет по што добила повик од полицијата, која ѝ кажала дека со возило на брзата помош е пренесен во медицинска установа, но во тој момент не се знае точно каде, пренесува „Нова.рс“.

Батиниќ изјавила дека веднаш отишла во Ургентниот центар, каде што лекарите ѝ рекле дека нејзиниот син е жив, но дека е ранет во коленото и дека не се знае колку е тешко.

Таа опишала дека поради тоа, била многу исплашена и дека доживеала голем стрес бидејќи не знаела во каква состојба е син ѝ и каков е степенот на повредата.

Таа изјавила дека малолетниот А. Б. поминал три дена во болница и дека постојано плачел и барал одговор од мајка му зошто се случило сето тоа бидејќи со К. К., кој го извршил делото, бил во добри односи.

Мајката рекла дека син ѝ бил кај К. К., дека заедно направиле презентација за училиште и отишле на Саемот на книгата и дека меѓу нив немало никаков конфликт.

Батиниќ рече дека А. Б. го видел целиот масакар, но и телата на своите убиени пријатели, како и дека по трагедијата нејзиниот син заплакувал од страв бидејќи не бил сигурен дека е безбеден и заштитен од К. К., се плашел и од звуци поради истрелите што директно ги слушнал за време на масакрот.

Батиниќ изјавила дека злосторството и ранувањето на син ѝ оставило голема трага на целото семејство бидејќи тие никогаш веќе нема да бидат безгрижни и секогаш ќе бидат во страв.

Адвокатката на семејството Кецмановиќ, Марина Ивеља, рече дека тие нема да сведочат во оваа постапка и дека нивните изјави што веќе ги дале може да се користат.

Судијата го затвори судењето за јавноста за да го сослуша малолетниот А. Б., кој сведочел по мајката.

Следното рочиште е закажано за 19 ноември.

Регион

Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран

Објавено пред

Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.

dobivaj vesti na viber

Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.

Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади

Објавено пред

Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.

Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.

Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

Прикажи повеќе...

Регион

Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница

Објавено пред

На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.

dobivaj vesti na viber

„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.

Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.

Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет5 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет6 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија8 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија9 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија10 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет10 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет11 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет12 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет12 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет14 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет16 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија18 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет20 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет21 час

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет1 ден

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет1 ден

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет1 ден

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет1 ден

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет1 ден

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...