Регион
МУП: Ниедна поплака за полициско насилство врз мигрантите не е основана
 
																								
												
												
											Министерството за внатрешни работи на Хрватска тврди дека досега ниту една поплака за насилство врз мигрантите добиена од УНХЦР не се покажала како основана.
„Министерството за внатрешни работи како партнер на УНХЦР добива голем број приговори од мигранти без потврден идентитет, без точна локација и време на настанот. На сите примени приговори МВР одговори, меѓутоа, повеќето поплаки не може да се проверат поради недостаток на конкретните податоци така што жалбите досега не се покажаа како основани”, објави МУП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Регион
(Видео) Лудило во парламентот на БиХ: „Би ја замолил пратеничката да не седи во скутот на министерот за финансии“
 
														Забавна сцена во парламентот на БиХ ги изненади пратениците среде сериозната дебата за државниот буџет.
За време на дебатата за државниот буџет на седницата на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ се случи ситуација што ги насмеа пратениците, но и ги збуни. Сè почна кога пратеникот на Демократскиот фронт, Златан Бегиќ, за време на својот говор коментира за симболиката на седницата велејќи дека министерот за финансии Срѓан Амиџиќ се појавил ноќта пред Ноќта на вештерките.
Додека Бегиќ зборуваше, пратеничката на СНСД, Сања Вулиќ, му се приближи на министерот Амиџиќ, го бакна во образот, ги избриша трагите од кармин, а потоа го прегрна и кратко му зборуваше. Моментот го забележа и Бегиќ, кој веднаш коментира.
„Би ја замолил мојата колешка да не седи во скутот на министерот за финансии додека разговараме за државниот буџет. Тоа е потценување на овој дом и на сите нас тука. Барам пауза за да можеме да ги доведеме пратениците во ред“, рече Бегиќ, пренесува „Слободна Босна“.
Регион
Илјадници студенти пристигаат во Нови Сад на собир по повод годишнината од трагедијата на железничката станица
 
														Речиси 5.000 студенти пристигнуваат во Нови Сад во текот на денот, каде што утре се одржува голем комеморативен собир по повод годишнината од уривањето на покривот на железничката станица во овој град, при што загинаа 16 лица, што предизвика бран студентско и граѓанско незадоволство од режимот што не ги казни одговорните ниту по една година.
Студентите пристигнуваат пеш и со велосипеди од цела Војводина и Србија, а најдолгата дистанца ќе ја поминат оние од Нови Пазар, кои тргнаа кон Нови Сад за да ја одбележат годишнината од трагедијата на 16 октомври поминувајќи речиси 400 километри.
„Студентите што одат со денови, граѓаните што ги пречекуваат со солзи радосници, го покажуваат вистинското лице на Србија. Ова е нашата Србија, ова е нашиот народ. Граѓаните се толку трогнати, полни со емпатија, што ќе ги чекаат пешаците буквално на секој мост, на секоја мала раскрсница, каде и да поминат. А главното добредојде е на главниот пат во градот, па целиот Нови Сад ќе биде парализиран“, изјави студентот Алекса за порталот „Нова.рс“.
Тој додава дека учениците пешаци ќе влегуваат во градот од сите страни, па така некои ќе одат преку Мостот на слободата, други преку мостот „Виножито“, а трети од Петроварадинската страна.
Заедно со студентите, се очекуваат десетици илјади луѓе од цела Србија да присуствуваат на годишнината од трагедијата или сами или организирани од опозициски партии, движења и невладини организации.
Организаторите ги поканија граѓаните да се соберат во 10 часот наутро на една од 16-те локации што им се најпристапни, а потоа да се упатат кон железничката станица.
Комеморативниот собир ќе почне во 11.52 часот наутро кога се урна настрешникот пред една година, со 16-минутен молк во чест на 16-те жртви во оваа несреќа. Главната сцена ќе биде поставена таму, а програмата ќе се емитува на целиот Булевар на ослободувањето, долг 5 километри.
Студентите истакнуваат дека свирчињата и вувузелите се забранети на комеморативниот собир бидејќи тоа нема да биде протестен собир, туку комеморативен. Програмата ќе заврши во 20 часот со 16-минутен молк.
Утре, се навршуваат 12 месеци од падот на настрешникот на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 14 лица, меѓу кои и деца.
Во меѓувреме, починаа уште две жртви – едната во Клиничкиот центар на Војводина, а другата во Военомедицинската академија во Белград.
По трагедијата, почнаа речиси секојдневни масовни антивладини граѓански протести, при што студентите се приклучуваа на блокадите на факултетот.
Незадоволните граѓани, студентите и средношколците бараат казнување на одговорните во српската влада и распишување избори во Србија.
Градските медиуми во Нови Сад потсетуваат дека и по 12 месеци од трагедијата, државното Обвинителство сè уште го истражува случајот со паѓањето на настрешникот и целата реконструкција на железницата, но дека обвиненијата досега не се потврдени.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад повторно поднесе обвинение против поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и 12 обвинети во овој случај кон средината на септември, кои сега ги разгледува судот, претходно објави порталот „021.рс“.
фото: принтскрин
Регион
„Политико“: Орбан е притиснат, мора да се сврти кон Хрватска поради санкциите за руската нафта
 
														Американските санкции за увоз на руска нафта го притиснаа премиерот Виктор Орбан да побара алтернатива преку Хрватска, иако Будимпешта со години го одбегнуваше тој правец, пишува „Политико“.
Будимпешта тврди дека алтернативните испораки преку Хрватска се прескапи и дека Јадранскиот гасовод (ЈАНАФ) не може да ги задоволи нејзините потреби, што експертите и претставниците на Загреб остро го негираат, пишува Политико во својата анализа што ја пренесе „Индекс“.
Орбан тврди дека руската нафта е клучна за енергетската безбедност на Унгарија, но ограничувањата од Вашингтон и планираните царини на ЕУ ја прават зависноста од Москва неодржлива. За да обезбеди снабдување, Будимпешта ќе мора да ги подобри односите со Загреб и да користи нафтоводот ЈАНАФ.
Хрватскиот министер за економија Анте Шушњар ги отфрли обвинувањата дека транзитните такси се превисоки или дека системот нема доволен капацитет, велејќи дека тоа се „измислени изговори“ и дека Хрватска може веднаш да испорачува нафта.
Според експерти, проблемот не е во техничките или ценовните услови, туку во интересите на унгарската влада и на компанијата MOL, кои добиваат пониски цени за руската нафта и затоа немаат политичка волја да се откажат од неа.
„Политико“ наведува дека Орбан е „стиснат во ќош“ – ќе мора или да ја прифати соработката со Хрватска и политиката на ЕУ, или да продолжи со ризичната зависност од Русија, додека санкциите на САД стапуваат на сила на 21 ноември.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											