Регион
НАТО го осуди непровоцираниот напад врз мировните трупи на Косово
НАТО остро го осуди непровоцираниот напад во кој беа повредени најмалку триесетина мировници – иако медиумите шпекулираат со бројка од 41 војник, кои се справуваа со демонстрантите во Косово во понеделникот, додека тензиите се разгоруваат во оваа балканска држава.
„Додека се спротивставуваа на најактивните делови на толпата, неколку војници на италијанскиот и унгарскиот контингент на КФОР беа предмет на непровоцирани напади и добија трауматски рани, со скршеници и изгореници поради експлозија на запаливи средства“, соопштија од КФОР.
#KFOR statement pic.twitter.com/kfYybyqC2G
— NATO Kosovo Force – KFOR (@NATO_KFOR) May 29, 2023
Судирите, во кои беа повредени најмалку 50 Срби – од кои двајца сериозно, а еден е во критична состојба – избувнаа кога српските демонстранти побараа отстранување на неодамна избраните градоначалници – етнички Албанци од општинските згради.
„Насилството мора веднаш да престане. Ги повикуваме сите страни да се воздржат од дејства што дополнително ги разгоруваат тензиите и да се вклучат во дијалог“, велат од НАТО нарекувајќи ги таквите дејства целосно неприфатливи.
Во понеделникот рано групи Срби се судрија со косовската полиција пред општинската зграда во Звечан, град со мнозинско српско население, и се обидоа насилно да влезат во зградата, на што полицијата одговори со солзавец.
Voglio esprimere solidarietà ai militari della missione KFOR rimasti feriti in Kosovo durante gli scontri tra manifestanti serbi e polizia kosovara. Tra di loro 11 italiani di cui 3 in condizioni serie ma non in pericolo di vita. I militari 🇮🇹 continuano ad impegnarsi per la pace
— Antonio Tajani (@Antonio_Tajani) May 29, 2023
Мировниците на КФОР предводени од НАТО најпрвин се обидоа да ги одвојат демонстрантите од полицијата, но подоцна почнаа да ја растеруваат толпата со штитови и палки.
Неколку демонстранти одговорија со фрлање камења, шишиња и „молотови коктели“ кон војниците, но бргу беа потиснати на неколку стотина метри од општинската зграда во Звечан.
Министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, рече дека единаесет италијански војници се повредени, од кои тројца тешко, а премиерката Џорџа Мелони ги повика сите страни да направат чекор назад кон намалување на тензиите.
A nome mio e del Governo, esprimo i miei più sinceri sentimenti di vicinanza ai militari italiani che sono rimasti feriti durante i disordini in Kosovo. Esprimo inoltre la più ferma condanna dell’attacco avvenuto a danno della missione KFOR che ha coinvolto anche militari di…
— Giorgia Meloni (@GiorgiaMeloni) May 29, 2023
Унгарскиот министер за одбрана, Кристоф Шалај-Бобровницки, информира дека повеќе од 20 Унгарци од контингентот на КФОР биле повредени во судирите, од кои седум потешко, додавајќи дека повредените унгарски војници со хеликоптер биле пренесени во Унгарија на лекување.
Командантот на мисијата на КФОР, генералот Анџело Микеле Ристуча, ги осуди неприфатливите напади и рече дека КФОР ќе продолжи непристрасно да го исполнува својот мандат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Хрватска испраќа четири авиони за Хрватите заглавени во Дубаи
Хрватска испраќа четири авиони на „Кроација ерлајнс“ во Дубаи за да ги врати хрватските граѓани заглавени во Обединетите Арапски Емирати поради војната меѓу САД и Израел против Иран, објави Министерството за надворешни и европски работи (MVEP).
„Утре и во наредните денови испраќаме четири авиони на „Кроација ерлајнс“, со можни дополнителни опции“, се вели во соопштението.
Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман се договори со министерот за надворешни работи на ОАЕ, Абдула бин Зајед Ал Нахјан, за два авиони од локална авиокомпанија што ќе ги транспортираат хрватските граѓани од Дубаи, рече Зрињевац.
Во Обединетите Арапски Емирати моментално има околу 2.000 хрватски граѓани кои живеат таму, од кои 300 сакаат да бидат репатрирани, а има и 460 туристи кои, исто така, сакаат да се вратат во својата татковина.
Досега, хрватски државјани се евакуирани од Израел, Јордан и Бахреин. „Успеавме да ги евакуираме сите хрватски државјани од Израел, Јордан и Бахреин, а наскоро и аџиите од Израел, кои се на лет преку Лион на пат кон Загреб, ќе пристигнат дома“, соопшти министерството.
Од Оман, каде што имаше 23 хрватски државјани, 12 беа евакуирани со лет преку Истанбул до Загреб. Останатите 11 имаат можност да одат во Дубаи, изјави претходно Грлиќ Радман.
Хрватската амбасада во Доха, исто така, обезбеди 30 места на летот на австриската компанија од Ријад во четврток, па затоа министерството ги повикува заинтересираните што е можно поскоро да се регистрираат за тој лет, на кој приоритет ќе им се даде на децата, болните лица, бремените жени и членовите на нивните семејства.
фото/Depositphotos
Регион
Српските патници кои беа евакуирани од Дубаи: „Ни рекоа за 15 минути да се спакуваме“
Авион на „Флај Дубаи“ од Обединетите Арапски Емирати со 200 државјани на Србија слета утрово во Белград. Тоа е првиот лет кон Србија по прекинот на летовите поради тензиите на Блискиот Исток.
Како што пренесе РТС, една патничка која утрово слетала во Белград патувала од Кенија преку Дубаи. Таа изјавила дека околу три часа ги „држеле горе на небото“, по што слетале.
Двојка од Бачка Паланка допатувала од Малдивите.
„Слетавме во Дубаи и патувањето требаше да продолжи понатаму. Авионот полета, кружеше некое време и повторно се врати на аеродромот во Дубаи од безбедносни причини. Во меѓувреме се случи тоа што се случи со Иран“, изјавиле патниците за РТС.
На прашањето дали почувствувале страв, тие одговориле дека не.
„Не, бевме сместени во еден хотел кој е на околу 20 километри од центарот на градот, така што слушнавме некои детонации, но не се плашевме, имавме прекрасна група“, велат тие.
„Прво се јавивме во нашата амбасада, која направи список на патници што се најдоа на аеродромот во Дубаи, дури и амбасадорот нè посети во хотелот и му благодариме за тоа. Имавме идеални услови во хотелот и чекавме да нè известат за враќањето, а буквално ни беше кажано за 15 минути да се спакуваме“, навеле патниците.
Регион
Авион од Дубаи слета во Белград, евакуирани 200 српски државјани
Авион од Дубаи со 200 српски државјани слета денес во Белград, откако летовите меѓу Обединетите Арапски Емирати и Србија беа суспендирани поради тензиите на Блискиот Исток.
Првиот авион со 200 патници полета од аеродромот во Дубаи синоќа, објави Радио телевизија Србија (РТС).
Аеродромот во Дубаи објави дека првиот лет од Обединетите Арапски Емирати до Србија, по суспензијата на воздушниот сообраќај, полетал околу 23:30 часот по централноевропско време.
Авионот е Боинг 737 MAX 8, со капацитет од 162 до 200 патници, управуван од авиокомпанијата „Флајдубаи“.
Во меѓувреме, авиокомпанијата Емирати објави дека го продолжува сообраќајот со реализација на ограничен број летови.
„Приоритет им се дава на патниците со претходни резервации, а оние кои се прераспределени на овие ограничени летови ќе бидат контактирани директно од компанијата Емирати“, се вели во соопштението.
Компанијата ги повика патниците да не доаѓаат на аеродромот освен ако не бидат однапред известени, додавајќи дека сите други летови остануваат суспендирани до понатамошно известување.
Летовите беа откажани поради американско-израелската воена кампања започната во саботата против Иран, во која загинаа неколку високи ирански функционери, вклучувајќи го и врховниот лидер Али Хамнеи.
Како одговор, Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, како и врз неколку земји во регионот каде што се наоѓаат американски воени објекти.

