Регион
Од 14 хотели на Хвар отворени се само три во кои има 66 гости

Какво е влијанието на пандемијата врз туристичката сезона во Хрватска најдобро го илустрира ситуацијата на островот Хвар, еден од најпосетуваните на Јадранското Море.
Меѓу 20 и 30 проценти од сите угостителски објекти во моментов се отворени на Хвар, а од 14 хотели, работат само три.
„Бројките се катастрофални, никогаш во историјата на туризмот градот Хвар немаше вакви лоши резултати во овој период од годината. Сега во Хвар се одмораат 66 странски туристи, додека минатата година во ова време во Хвар имаше 4.588 гости. Ова се катастрофални бројки и кога ги добив во петокот, не можев да им верувам на очите, иако знаев дека ситуацијата е катастрофална“, изјави за „Слободна Далмација“ Тео Јеличиќ, потпретседател на градскиот совет на Хвар.
„Од овие 66 туристи кои и покрај сè дојдоа во Хвар некои се Словенци, Австријци, Германци и Чеси“, вели Јеличиќ, кој посочува дека нема оптимизам за наредните два месеца затоа што резервациите се откажани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидик

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми.
Сè се случило во градот Сивири на Халкидик, популарно одморалиште кај туристите од регионот.
Таа беше извлечена од морето во средата попладне.
Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар во Касандра, каде што беше констатирана смрт.
Вториот оддел на пристаништето Неа Мудања, при Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, нареди обдукција во Службата за судска медицина во Солун.
Регион
Тело на Србинка извлечено од морето во Грција

Седумдесет и тригодишна Србинка е пронајдена мртва во морето крај брегот на Касандра, Грција, пренесе српски Телеграф.
Таа е пронајдена во несвест во морето крај брегот на Касандра на Халкидики во среда околу пладне и со брза помош е пренесена во Здравствениот центар во Касандра, каде што е констатирана смрт.
Според информациите, истрагата е во тек, а ќе биде извршена и обдукција, јавува грчката агенција АНА.