Контакт

Регион

ОН: Најмалку 13.000 мигранти се собрани на турско-грчката граница

Објавено пред

Обединетите нации денеска соопштија дека најмалку 13.000 бегалци се собрани на границата на Турција со Грција, откако Анкара соопшти дека повеќе нема да ги спречува мигрантите на турско тло да се упатат кон Европа.

Во изјавата на Организацијата на ОН за миграција се вели дека најмалку 13.000 луѓе се собрале на официјалните гранични премини Пазаркуле и Ипсала, пренесе агенцијата АП.

Стотици сириски мигранти во петокот низ северозападна Турција тргнаа кон границите со Грција и Бугарија.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу синоќа изјави дека 36.776 мигранти ја напуштиле земјата преку Едрене.

Грчките власти пак порачаа дека одлучно ќе ја бранат границата од новиот наплив на бегалци.

 

Регион

Во БиХ 280 новозаразени и петмина починати

Објавено пред

Во последните 24 часа во БиХ се регистрирани 280 новозаразени и пет починати лица, од кои 192 заразени и тројца починати се во Федерацијата БиХ.

Тестирани биле 1.580 примероци, а коронавирусот е потврден кај 192 лица.

Три смртни случаи биле пријавени во Институтот за јавно здравје на БиХ, со што вкупниот број починати достигна 529.

Досега во БиХ тестирани се вкупно 159.205 лица, а вирусот е потврден кај 18.029.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Ќе ги преиспитаме сите смртни случаи поврзани со Ковид-19

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска објави дека здравствените власти ќе ги разгледаат сите смртни случаи поврзани со коронавирусот коментирајќи ги сомнежите за веродостојноста на податоците за бројот на починати пријавени за време на пандемијата.

„Србија ќе направи целосна ревизија за секој смртен случај, за секој човек, за да видиме како навистина изгледа ситуацијата. Клиничките работници ќе го сторат тоа“, рече Вучиќ за време на посетата на градилиштето на ковид-болница во близина на Белград.

Претседателот ова го кажа како одговор на новинарско прашање за изјавата на епидемиологот Предраг Кон дека од март до јуни имало повеќе смртни случаи отколку што покажал системот.

„Државата не ги криеше податоците за бројот на смртни случаи“, изјави Вучиќ оценувајќи дека не верува оти по контролта, ќе има многу големи разлики.

Епидемиологот Предраг Кон, член на кризниот штаб, претходно рече дека штабот ги доставил сите информации што ги имал, дека ништо не е скриено и дека за разликата во бројот на смртни случаи од оние што се официјално пријавени одговорни се информатичарите што внеле неточни податоци.

Според најновиот пресек од 30 септември во 15 часот, Србија официјално пријави 1.134.239 тестирани, 33.551 регистриран случај на Ковид-19 и 749 смртни случаи, со стапка на смртност од 2,23 процента.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија 111 новозаболени од коронавирус, еден починат

Објавено пред

Во Србија уште 111 лице се заразени од коронавирус во последните 24 часа. Тестирани се 6.139. Едно лице почина.

Изразено во проценти, во однос на тестираните биле заразени 1,81 процент.

На респиратор има 23 лица.

Досега починале вкупно 750 лица.

Досега се тестирани вкупно 1.140.378 лица, а коронавирусот е потврден кај 33.662 лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Навални најави тужба против Песков

Рускиот опозиционер Алексеј Навални најави дека ќе го тужи портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков. Тој побара наводните докази за неговата...

Македонија1 час

Штедачите од „Еуростандард банка“ протестираа пред Собранието, бараат закон со кој државата ќе ги обештети во целост

„Вратете ги парите“, „Лопови, лопови “, „Која банка е следна?“ , „Даваме кредити без покритие“, ова беа само дел од...

Македонија3 часа

Четворица починати и 162 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на...

Регион3 часа

Вучиќ: Ќе ги преиспитаме сите смртни случаи поврзани со Ковид-19

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска објави дека здравствените власти ќе ги разгледаат сите смртни случаи поврзани со коронавирусот коментирајќи ги...

Свет3 часа

Путин, Трамп и Макрон објавија заеднички став за судирот во Нагорно-Карабах

Претседателите на Русија, САД и на Франција усвоија заедничка изјава за состојбата во Нагорно-Карабах. Владимир Путин, Доналд Трамп и Емануел...

Свет4 часа

Азербејџанските сили тврдат дека уништиле ерменски ракетен систем во Нагорно-Карабах

Министерството за одбрана на Азербејџан во средата објави дека вооружените сили на земјата успеале да го деактивираат ерменскиот ракетен систем...

Македонија5 часа

Арсовски: Се разгледуваат сите можности и опции за импичмент на Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски, што беше навестена...

Топ6 часа

Приведени тројца малолетници, кои украле златни синџирчиња

Полицијата приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело тешка кражба на дрзок начин. „На 22 септември,...

Регион6 часа

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА. Ограничувањата на копнените граници се...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Топ7 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Македонија9 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија10 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија23 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион1 ден

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион1 ден

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ1 ден

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет1 ден

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Досие