Регион
Орбан: Не ја создадовме ЕУ за да живееме во нов Советски Сојуз
„Унгарија не може да прифати обврзување на европските фондови по критериумот за владеење на правото затоа што Европската Унија ќе почне да личи на Советскиот Сојуз“, рече премиерот Виктор Орбан.
Орбан е на власт во Унгарија повеќе од една деценија и често е критикуван за поткопување на демократијата во неговата земја, некогаш под советска контрола.
Денеска, тој рече дека унгарските пари не може да бидат одземени, а ден претходно разговараше и за предлогот за критериуми за владеење на правото со германската канцеларка Ангела Меркел.
Орбан ѝ порачал дека Унгарија не може да ја блокира мерката предложена од Европскиот парламент, а германското претседателство може да ја прифати бидејќи за тоа е доволно двотретинско мнозинство, но дека со тоа ЕУ би се претворила во некогашниот Советски Сојуз.
Унгарскиот лидер смета дека ова би било уцена врз идеолошка основа, без објективни критериуми.
„Не го сакавме тоа. Не ја создадовме ЕУ за да имаме нов Советски Сојуз“, додадл унгарскиот лидер иако не се заканил со вето на целиот процес на усвојување на европскиот буџет.
Главниот сојузник на Орбан, полскиот премиер Матеуш Моравиецки, испрати писмо до институциите на ЕУ во кое се заканува дека ќе го блокира буџетот за периодот 2021-2027 година, доколку ЕУ воведе критериум за владеење на правото.
Ваквиот критериум го промовираат Европскиот парламент и неколку северноевропски земји како Холандија, кои исто така побараа построга формулација на мерката.
Полска и Унгарија, како и другите членки на ЕУ, можат да стават вето на усвојувањето на повеќегодишна финансиска рамка, но тоа исто така тоа би им наштетило и ним како земји што добиле најмногу европски средства и во кои поддржувачите на владејачките партии често зависат од европските субвенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

