Регион
Орбан: Ќе ја изгубиме Србија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Србија мора што поскоро да влезе во Европската Унија, во спротивно Белград ќе избере соработка со други партнери, а Брисел ќе ја изгуби оваа земја.
„Мораме да ја завршиме старата задача за проширување пред да започнеме нова експанзија со Украина. Ако не ја интегрираме Србија што е можно поскоро, ќе ја изгубиме. Србија има други опции. Само што склучи договор за слободна трговија со Кина “, изјави Орбан за австриски Die Presse.
Унгарскиот премиер го нарече и проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан „главен приоритет“ на Будимпешта за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија, кое започнува на 1 јули.
Министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ и министерот за трговија на Народна Република Кина, Ванг Вентао, потпишаа договор за слободна трговија меѓу двете земји на 17 октомври 2023 година во Пекинг. Според српскиот претседател Александар Вучиќ, таа би можела да стапи на сила во мај или јуни оваа година.
Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Молдавија, Северна Македонија, Србија, Турција, Украина и Црна Гора имаат официјален статус на кандидати за пристап во ЕУ. Брисел врши притисок врз Србија да ја натера да се согласи да го даде тој статус на непризнаеното Косово, што всушност би било официјално признавање на независноста на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

