Регион
Оштетена болницата во Сисак, пациентите се евакуираат

Силниот земјотрес што ја погоди Хрватска денеска предизвика страшна материјална штета во Петриња, мало место во близина на кое се наоѓаше епицентарот.
Со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, се уриваа станови и згради, а голема штета претрпела и болницата во Сисак, која е оддалечена само 15 километри од Петриња.
Директорот на болницата, Томислав Дујменовиќ, изјави дека состојбата воопшто не е добра.
„Штетата е огромна, урната е целата единица за интензивна, хирургија, поголемиот дел веќе не е за употреба. Сега ќе се селиме во нова зграда. Министерот исто така контактираше со нас, мора да ги испратиме пациентите на респиратори. Не знам дали има повредени, но голем број доаѓаат од Петриња“, рече тој.
Според последните информации, повредени се 20 лица од Петриња, а двајца се во потешка состојба. Меѓу загинатите има и 12-годишно девојче од Петриња. Засега се немаат пријавено повредени жители од Сисак.
Според репортерите на телевизијата Н1, во тек е евакуацијата на пациентите сместени во ковид-одделот во болницата во Сисак. Тие велат дека се транспортираат 100-200 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Украинско комбе се судри со руски камион во Словенија, петмина загинати

На автопатот кој ги поврзува Марибор и Љубљана, во близина на излезот Словенска Коњица, во правец на Љубљана, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а две се повредени. Несреќата се случила кога патничко комбе удрилo во камион. Сите жртви биле странски државјани, соопшти словенечката полиција, јавуваат медиумите во регионот.
Според досега утврденото, возачот на комбе со украински регистарски таблички, кое превезувало седум лица, поради несоодветна брзина, удрил во задниот дел од приколка која стоела во ред поради работи на автопат. Пет лица загинале во комбето на местото на несреќата.
Возачот, кој ја предизвикал несреќата, е полесно повреден, додека патничка е тешко повредена. Двајцата повредени се пренесени во болница, а тешко повреденото лице е пренесено со хеликоптер. Идентитетот на загинатите сè уште се утврдува.
Возачот на камионот, руски државјанин, не е повреден, но му е понудена психолошка помош поради сериозноста на несреќата, објавува Радиотелевизија Словенија. Несреќата се случила непосредно пред одморилиштето Тепање, на дел од автопатот каде што се во тек големи работи – се реновираат 13 километри пат, два тунела и три вијадукти. Полицијата потврди дека несреќата се случила пред работната зона каде што се формираат долги редици поради затворени ленти.
Фото: принтскрин
Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.