Регион
Палмер: Американскиот пристап кон Западен Балкан нема да се промени
САД се посветени на партнерство со земјите од Западен Балкан и на нивната европска перспектива, а тој пристап нема да се промени, изјави Метју Палмер, заменик помошник државен секретар на САД и специјален претставник на администрацијата на Соединетите држави.
Во интервју за албанскиот сервис на Гласот на Америка, Палмер рече дека не сака да предвидува што ќе работи следната администрација, но истакна дека тој во последните 27 години работи на Западен Балкан во демократски и републикански американски администрации.
„Американскиот пристап кон регионот е конзистентен од администрација до администрација. Нашата визија за Западен Балкан претставува збир на земји кои се во мир меѓу себе, со нивните соседи. Држави кои се стабилни, просперитетни и интегрирани во европските и евро-атлантските институции“, рече Палмер, пренесува Танјуг.
Во однос на дијалогот меѓу Србија и Косово, американскиот ангажман и можностите за постигнување политички договор меѓу двете страни, американскиот дипломат посочи дека Соединетите држави постојано се вклучени во тој процес.
„Обврската за партнерство со Србија и Косово и европската перспектива на двете земји нема да се промени. Ќе работиме со Србија и Косово во поддршка на нормализацијата на нивните односи и нивниот европски пат“, рече Палмер.
Тој заклучи дека САД ќе останат ангажирани на Западен Балкан.
„Ние ќе останеме сигурен партнер на земјите од Западен Балкан и ќе бидеме посветени на стабилноста, просперитетот и мирот во целиот регион”, нагласи Палмер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

