Регион
Петнаесет Срби задржани во болница по сообраќајната несреќа во Грција, некои продолжиле на одмор во Ставрос
Во тешката сообраќајна несреќа, што се случи на патот Атина – Солун, кога се судрија автобус, со српски регистарски таблички, и автомобил, повредени беа 42 лица, а четворица загинаа.
Директорот на УТА, Александар Сеничиќ, рече дека лекување продолжува кај 15 српски туристи, кои биле во автобусот во моментот на несреќата.
Сите тие се надвор од животна опасност, а Сеничиќ посочува дека секој што сака да го прекине одморот и да се врати во Србија тоа може да го направи.
„Испратени беа два автобуса, едниот да ги врати туристите, другиот ги чекаше неповредените во судирот. Ги возел до дестинацијата Ставрос, каде што ќе се договори со оние што сакаат да останат или да се вратат. Секој што сака да се врати, тоа ќе може да го направи преку ден или во текот на вечерта“, изјави Сеничиќ.
Во изминатите недели Грција беше погодена од страшни поплави. Голем број српски туристи со денови беа заробени во поплавените хотели, без храна, струја и вода, а како што вели Сеничиќ, состојбата сега е многу подобра.
„Сите се безбедни, времето е подобрено во Грција, имаме туристи што сакаат да останат во Пелион и да му помогнат на локалното население. Нема основни проблеми со струја и вода, како што имаше за време на поплавата“, вели Сеничиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бугарија до своите граѓани: Веднаш напуштете го Иран
Бугарија денеска ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Иран поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, јавува Анадолија.
На Бугарите им се препорачува строго да ги следат безбедносните упатства на локалните власти, да бидат информирани за ситуацијата и да избегнуваат посета на воени локации и масовни собири“, се вели во соопштението на бугарското МНР.
Се препорачува бугарските државјани во Иран веднаш да ја контактираат бугарската амбасада во Техеран за да дадат детали за нивното место на живеење и планираното времетраење на престојот, или со јавување во Амбасадата или преку е-пошта до Генералниот конзулат во Техеран.
Регион
Земјотрес во БиХ
Земјотрес со јачина од 2,9 степени ја погоди денеска Босна и Херцеговина.
Епицентарот бил во близина на Мостар.
Засега не се знае дали е причинета материјална штета.
Регион
Пумпата за базен го повлекла момчето на дното: детали за трагедијата на Златибор
Момче (6) од Белград вчера се удавило во базен на познат хотел на Златибор, а според неофицијални информации, смртта ја предизвикала пумпата од базенот. Кога момчето нурнало, наводно пумпата го повлекла на дното.
Очевидците на оваа трагедија со сите сили се обиделе да го извлечат детето, но не успеале поради вакуумот, а момчето починало.
По наредба на Основното јавно обвинителство во Ужице, на телото на момчето е наредена обдукција.
Полицијата го уапсила сопственикот на фирмата за одржување на базените. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа. Тој беше обвинет за тешко дело против општата безбедност.
Повреденото момче било придружувано од жена за која постои сомневање дека е баба му, пишува „Блиц.рс“.
Екипата на „Блиц“ стапила во контакт со хотелот во кој се случила трагедијата, но од вработените велат дека не сакаат да даваат изјави за медиумите.