Регион
Почнува судењето на семејството на момчето убиец од „Рибникар“: 27 члена на семејства на убиените го тужат семејството Кецмановиќ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/kosta-masakr-1.jpg)
Во Палатата на правдата денеска почнува судењето на родителите на момчето убиец по приватни тужби поднесени од 27 члена на семејствата на загинатите од основното училиште во Белград, „Владислав Рибникар“.
Станува збор за граѓанска постапка врз основа на пријавата на семејствата, во која тие истакнале имотно-правно побарување поради претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и поради страв, пишува „Нова.рс“.
На ова рочиште ќе бидат предложени доказите, кои ќе бидат изведени во текот на постапката, а ќе се каже и во кој временски рок ќе се заврши постапката.
Како што е познато, во граѓанската постапка е поднесена тужба за да се оправдаат веќе определените привремени мерки, кои се однесуваат на забраната за располагање со имотот на семејството на момчето убиец. Значи, една тужба поднеле вкупно 27 тужители, а таа се однесува на членовите на семејството на убиениот, објавија српските медиуми.
Обвинети се момчето убиец, мајка му и татко му.
Кон таткото во кривичната постапка претходно биле определени привремени мерки за забрана на располагање и отуѓување имот, а кон мајката во граѓанска постапка.
„Тужбата е поднесена за надомест на нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпениот страв. Исто така, со оваа тужба се бара и паричен ануитет, односно идна исплата на одредена сума пари од денот на пресудата и додека траат условите за тоа – на име идна нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице“, изјави извор запознаен со случајот, објавуваат медиумите во Србија.
Веќе е поднесена тужба против мајката на момчето убиец. Ја тужеа четворица членови на семејството на една од жртвите на пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“. Побарале отштета од околу 300.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
(Видео) Тешка сообраќајка во Грција: бебе меѓу загинатите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-204400.jpg)
Тешка трагедија се случи во петокот попладне на автопатот Пиргос – Кипарисија, во близина на Месинија во Грција, кога четири лица, меѓу кои 12-месечно бебе и 13-годишно девојче, кои се наоѓале во два автомобили, загинаа во сообраќајма несреќа, пишува „Protothema“.
До несреќата дошло кога 39-годишниот камионџија, кој возел во правец на Кипарисија, од засега непозната причина изгубил контрола, излетал во спротивен правец и налетал на три возила, предизвикувајќи трагични последици.
Според написите, камионот всушност буквално ги стопил двете возила кои учествувале во несреќата. Противпожарната служба со 12 пожарникари ги извлекла настраданите.
Според информациите, во првиот патнички автомобил кој се судрил со камионот било семејство кое живее во странство и отпатувало за Нафплио за да се види со роднините и на одмор на Пелопонез. Во него се пронајдени мртви 38-годишен татко и 12-месечна ќерка, а повредени се 38-годишна мајка и нивниот шестгодишен син, кои се пренесени во болницата во Патра.
Од второто возило кое било заглавено под камионот извлечени се маж (50), девојка (13) и жена (60), кои се здобиле со тешки телесни повреди.
Повредени се и 25-годишен маж кој бил интубиран во Каламата, 39-годишен камионџија и 61-годишен маж, и двајцата се на лекување во болницата Кипарисија.
Затворен е магистралниот пат Пиргос – Кипарисија, а сообраќајот се пренасочува по заобиколен пат.
Регион
Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во Бугарија, ќерка му е со 85 отсто изгореници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/3-13.jpg)
Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во близина на бугарскиот град Елин Пелин, недалеку од Софија, изјави денеска бугарскиот министер за внатрешни работи, Калин Стојанов.
Мажот (49), кој почина во експлозијата, добил тешки изгореници и синоќа бил хоспитализиран, а неговата 20-годишна ќерка, која исто така е во болница со 85 отсто изгореници, сѐ уште е во критична состојба, пренесува порталот „Новините“.
Стојанов рече дека во магацинот во кој се случила експлозијата може да има уште две лица, меѓу кои и 22-годишниот син на сопственикот на магацинот.
Регион
Дете починало 7 дена по операција на крајници во Хрватска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/23.jpg)
Седумгодишно дете почина вчера, една недела по операцијата на крајници, која беше извршена во Клиничката болница „Свети дух“ во Хрватска.
Седум дена по извршената операција на Клиниката за оториноларингологија и хирургија на глава и врат и шест дена по отпуштањето од болница, детето во раните утрински часови било донесено утрово без витални знаци.
Веста за смртта на детето во рок од 24 часа ја потврди директорот на болницата, д-р Игор Алфиревиќ.
„За жал, точна е информацијата дека во четвртокот, 25 јули 2024 година, по реанимација во Обединетата итна болница на Клиничката болница „Свети дух“ почина седумгодишно дете“, рече тој.
Во тек е истрага, а телото на детето е испратено на обдукција.