Регион
Пукање во Бар, убиен припадник на Шкаљарскиот клан, пишуваат црногорските медиуми
Малку по девет часот во Бар се случила престрелка во која загина едно лице. „Вјести“ доби неофицијална потврда од Управата на полицијата дека е убиен член на организирана криминална група.

„Мондо“ пишува дека е убиен 29-годишниот Едмонд Мустафа, припадник на Шкаљарскиот клан. Едмонд Мустафа и претходно ѝ бил познат на полицијата, а во последно време се шпекулира дека се свртел против Шкаљарскиот клан и дека давал информации на противничкиот клан.
Полицијата го блокира градот и трага по еден или повеќе сторители. Локалните медиуми јавија дека напаѓачот избегал со мотор. На местото на настанот пристигнале полиција и брза помош. Во тек е полициска истрага по што треба да се знаат повеќе информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
