Регион
Рама во ненајавена посета на Турција на средба со Ердоган

Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека се сретнал со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, во неговата летна резиденција во Мармарис.
Me Presidentin e Turqisë, mikun e çmuar Rexhep Taip Erdogan, në një nga bisedat gjatë qëndrimit në rezidencën e tij…
Posted by Edi Rama on Monday, September 14, 2020
„Со претседателот на Турција, драгиот пријател Реџеп Таип Ердоган, за време на престојот во неговата летна резиденција во Мармарис, разговаравме широко за односите меѓу Албанија и Турција, предизвикот за зајакнување на економијата во услови на пандемијата со Ковид-19 , унапредувањето на билатералната соработка, како и состојбата во регионот на Западен Балкан“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Средбата не беше претходно најавена и претходи на неговата посета на Грција каде ќе престојува утре и задутре.
Рама во Грција ќе учествува на собирот организиран од списанието „Економист“, а предвидено е и да оствари средба со грчкиот колега, Киријакос Мицотакис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.