Регион
Регистрирани 92 нови случаи на коронавирус во Хрватска
Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 92 нови случаи на коронавирус, што е речиси двојно во однос на претходните два дена. Нема починати, а извршени се 1804 тестови.
Вкупниот број случаи во таа земја сега е 3.953. Активни се 1.204 лица, а оздравеле 2.639 лица.
„Сега мора да се носат маски во пошта, во банка и во сите други институции каде што им се обезбедуваат услуги на граѓаните, шалтерско работење, секаде каде што луѓето доаѓаат во близок контакт и каде што стојат во линија. Истото важи и за услужните дејности со контакт, фризери, козметичари … Порано беше препорака, сега е одлука“, објасни директорот на Институтот за јавно здравје на Хрватска, Крунослав Чапак, и додаде дека нема нови жаришта на вирусот, пренесува „Индекс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Регион
По Црна Гора, слаб земјотрес ја погоди и Хрватска
Земјотрес со јачина од 2 степена според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 33 километри од Риека, на длабочина од 34 километри.
Предходно, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 3,6 степени. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Регион
Земјотрес во Црна Гора: се тресеше во близина на Будва
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 8.18 часот ја погоди Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Подгорица и 7 километри од Будва. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ.
Засега нема информации за материјална штета.