Контакт

Регион

17 дена по изборите, Хрватска добива собрание во нов состав

Објавено пред

17 дена по изборите, со посебни епидемиолошки мерки и без присуство на претседателот, денеска ќе биде конституиран новиот хрватски Сабор.

dobivaj vesti na viber

Претседател на парламетот повторно ќе биде Гордан Јандроковиќ, кој е на таа позиција од мај 2017 година.

До крајот на неделата Саборот го очекува интензивна работа и потврда на новата хрватска влада на мандаторот Андреј Пленковиќ, која ќе биде помала од претходната и ќе има 16 наместо 20 ресори.

Хрватскиот парламент ќе ја одржи својата прва конститутивна седница со епидемиолошки мерки со цел да се спречи ширење на коронавирусот, а сите ќе носат заштитни маски почитувајќи го потребното физичко растојание.

Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, нема да присуствува на церемонијата во Саборот, што ќе биде преседан, пренесе агенцијата „Хина“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“

Објавено пред

Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан.  Семејството, колегите, но и бројни пријатели и обожаватели се собраа на Градските гробишта во Чачак за да го кажат последното збогум и да се простат од него.

dobivaj vesti na viber

Хорот на гимназијата од Чачак по црковниот обред го испеа најголемиот хит на Бора „Погледај дом свој анџеле“, а овој момент расплака многумина и тоа беше најтажната сцена од гробиштата.

Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72) почина во средата на 4 септември во Љубљана по тешко боледување.Легендарниот рокер ќе почива во родниот Чачак, што му беше и последна желба.

Роден е на 1 ноември 1952 година.

Прикажи повеќе...

Регион

Маж од Албнија вооружен со мачета се заканувал на полицајци во западна Германија, извикувал „Алах акбар“

Објавено пред

Маж од Албанија вооружен со мачета бил совладан и уапсен откако рано утринава се заканил дека ќе убие полицајци во полициска станица во западна Германија, соопшти обвинителството.

dobivaj vesti na viber

Инспекторите рекоа дека веруваат дека тој имал исламистички, екстремистички мотив, пренесе АП.

Албанскиот државјанин (29) околу 02.40 часот пристигнал во полициската станица во гратчето Линц на Рајна, меѓу Кобленц и Бон.

Обвинителите рекоа дека тој извикувал „Алаху акбар“ – „Господ е голем“ на арапски – и рекол дека сакал да ги убие полицајците.

Дежурните полицајци ја заклучиле вратата од полициската станица и влезот во внатрешниот двор.

Осомничениот се обидел, но не успеал да ги натера да го отворат влезот, се вели во соопштението на обвинителот.

На местото на настанот биле повикани специјалци кои го совладале со пиштол за шокирање.

Инцидентотследи по нападот со нож на 23 август во западниот град Солинген, во кој осомничен екстремист од Сирија беше обвинет за убиство на три лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Сопругата на Бора Чорба се прости од рокерот со трогателни зборови: „Твоето срце ќе чука со нас засекогаш“

Објавено пред

Легендата на рокот, Бора Ѓорѓевиќ, почина на 72 години, на 4 септември, а последен поздрав преку некролог во весник денеска му испратија сопругата Дубравка и другите членови на семејството.

dobivaj vesti na viber

Во Чачак, денеска, 6 септември, беше прогласен ден на жалост, а во Центарот за култура беше отворена книга на жалоста.

„Погребот ќе се изврши в сабота, 7.9.2024 година, во 14.30 часот, на градските гробишта во Чачак. Црковниот обред е во 14 часот. Сочувство ќе се прима од 13 часот. Драг наш, твоето срце ќе чука засекогаш со нас. Твоите песни засекогаш ќе бидат дел од нас… Ни подари грст спомени преку кои ќе те паметиме“, пишува во последниот поздрав на сопругата на Бора и семејството.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Исчезнатото осумгодишно девојче Нарин Гуран е најдено убиено и фрлено во торба (ВИДЕО)

Безживотното тело на осумгодишното девојче Нарин Гуран, кое исчезна во турската провинција Дијарбекир на 21 август, беше пронајдено во поток...

Македонија5 часа

Поминаа три години од пожарот во модуларната болница во кој изгореа 14 луѓе

До денес изминаа точно три години од пожарот во модуларната болница во Тетово во кој животот го загубија 14 луѓе,...

Македонија10 часа

Мицкоски: Kако нација имаме две големи цели, да го победиме разочарувањето и да го сузбиеме криминалот

Тогаш битката беше како ќе се исправиме на нозе, денеска битката е како ќе направиме големи чекори напред, истакна премиерот...

Култура10 часа

Почина актерката Снежана Стамеска

На 79 годишна возраст денеска почина актерката Снежана Стамеска, соопштија од Драмскиот театар Скопје. Стамеска беше првенка на Драмски театар...

Македонија11 часа

Казни за нерегистрирани производители на сирење и месо во Прилеп

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) казни нерегистрирани производители на сирење во Прилеп и Скопје, како и месарница поради неводење...

Топ12 часа

Фатени бегалци барани со потерница за тешки кражби

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 06 часот во Скопје, на територија на општина Кисела Вода,...

Македонија14 часа

Во текот на вчерашниот ден 38 пожари на отворено, активни се уште три

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од...

Македонија17 часа

Денес се одбележуваат 33 години од независна Македонија

Под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на...

Македонија1 ден

Дождот не го изгасна целосно, но го стави под контрола големиот пожар во Мариово

Дождот кој заврна попладнево помогна да се стави под контрола големиот пожар во Мариово, но сепак сѐ уште не е...

Македонија1 ден

Неисправни се двата полициски хеликоптери и двата ер-трактори, се чека дождот да го изгасне пожарот кај Мариово (ВИДЕО)

Неисправни се двата полициски хеликоптери и тие не можат да учествуваат во големиот пожар во прилепскиот дел од Мариово чиј...

Регион1 ден

Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“

Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан.  Семејството, колегите, но и бројни пријатели и...

Топ1 ден

Го убиле соседот кој претходно ги пречекал во Кочани и со кој заедно пиеле

ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против Ѓ.Б. (32) и Љ.С. (48), двајцата од Кочани поради основи на...

Македонија1 ден

Гужва на „Богородица“ продолжениот викенд направи долги колони за влез во Грција

На граничните премини Богородица, Дојран и Табановце за излез од државата се чека повеќе од еден час, додека на останатите...

Топ2 дена

Возач со автомобил удри и тешко повреди 73-годишна жена во Скопје

Во СВР Скопје вчера во 12:25 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Васил Главинов“ со ул.„Максим Горки“ во Скопје...

Свет2 дена

Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж

Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж во пустината во Ново Мексико, со што заврши тримесечната пробна мисија отежната...

Македонија2 дена

Со полн камион огревно дрво е фатен вработен во Шумската полиција

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека вчера во кратовско Таласманци, од страна на Шумската полиција запрено е...

Македонија2 дена

Вкупно 19 пожари на отворено за 24 часа, гори уште на седум места

Во текот на изминатиот ден имаше вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои активни се седум, под контрола се...

Македонија2 дена

Влада: Го решивме проблемот со застојот на издавање на пасоши и лични документи

Владата соопшти дека преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот на издавање на пасоши и други лични...

Свет2 дена

Оружје и опрема вредни 250 милиони долари ќе добие Украина од САД

САД најавија обезбедување на нов пакет итна помош во опрема и оружје за Украина вреден од 250 милиони долари. Помошта...

Македонија2 дена

Муцунски во Будимпешта се заблагодари за заемот и големата помош за справувањето со пожарите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на својот колега Петер Сијарто, денес престојуваше во работна...