Регион
Седмоодделенец пукал во училиште во Белград – загина чуварот, повредени се ученици
Утринава, околу 8 часот, имало пукање во основното училиште во општината Врачар, во Белград.
Според првите информации, седмоодделенец го донел пиштолот на татка си на училиште. Неофицијално, загинал училишниот чувар, пишува „Блиц“.
Момчето (14) пукало во училиштето и повредило неколку ученици.
Детето е приведено во станица.
Според првичните информации, четворица ученици се пренесени во Итната помош. Мотивот засега е непознат.
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
