Регион
Син на познат радиолог, ученик со сите петки – Кој е Коста, кој пукаше во училиштето во Белград?
Доби единица по историја и потоа полуде. Пукаше во канцеларијата на наставничката, а потоа и на другарите. Ги има сите петки, а сите го нарекуваме бубалица“, велат учениците на „Владислав Рибникар“.
Во основното училиште, во кое се случи пукањето на седмоодделенецот, кој зел пиштол од својот татко, засега загинати се осум деца, како и обезбедувањето на училиштето, а според информациите на српските медиуми, 20 се повредени, меѓу кои и наставничката по историја.
Името на малолетното момче е Коста К., има 14 години. Тој утринава околу осум часот влегол во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград и почнал да пука.
Како што дознава „Информер.рс“, Коста одел на натпревари по математика и биологија и добивал многубројни награди и пофалби. Важи за еден од најталентираните ученици од основното училиште, каде што го изврши масакрот. Бил син на познат радиолог.
Неговите школски другари за него велат дека секогаш бил мирен и повлечен и дека никогаш не правел проблеми, туку се истакнувал по примерното однесување.
Коста пукал со два пиштола. Имал пет полни рамки и ранец со „молотови коктели“, пишува „Информер“.
По масакрот, бил уапсен, а некои од медиумите во Србија пренесуваат дека рекол дека пукал оти е психопат.
Сè уште не е познат мотивот за ова злосторство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Човечки скелет без глава е пронајден во шума во БиХ
Во полициската станица во БиХ е Ж.З. пријавил дека во шумата меѓу Периќ и Дуг, во градот Понир, пронашол човечки скелет без глава, со делови од облека, покрај кои имало ловечка пушка и нож, пишува Кликс.
Како што информираат од полицијата на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК), за инцидентот биле известени Одделот за криминалистичка полиција на полициската управа Коњиќ и дежурниот обвинител.
Истрагата е завршена, полицијата засега не може да зборува за деталите за случајот, а повеќе информации ќе бидат познати по деталните анализи на пронајдените примероци.
Регион
Тешко повредените во Нови Сад се уште критично, обвинителка: Веќе немаме доверба
Тројца од повредените кои се на лекување во Клиничкиот центар во Војводина се уште се во критична состојба, јавува 021.рс.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад во саботата соопшти дека во врска со несреќата и смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад се сослушани 26 лица, меѓу кои и министерот за градежништво Горан Весиќ, додека уште 14 лица беа сослушани во неделата.
Обвинителката на Вишото јавно обвинителство во Белград, Бојана Савовиќ изјави дека не е можно сериозно да се испрашуваат повеќе од 20 лица во еден ден.
„Би било смешно некој да интервјуира 26 луѓе во еден ден. Тоа не се прави така, не можете да слушате толку многу луѓе во еден ден“, рече таа, пренесува порталот 021.
Таа предупреди дека во овој случај „повторно имаме ситуација во која пред јавноста се појавуваат политичари и квази аналитичари“ и, како што рече, „повторно не го гледаме обвинителот“.
„Од министри и таблоиди учиме кој и колку бил испрашуван, наместо овие работи да ги учиме од обвинителите“, посочи таа.
Коментирајќи ги наводите дека договорот за реконструкција на железничката станица во Нови Сад е „деловна тајна“, Савовиќ посочи дека овој договор не може да биде доверлив бидејќи е нешто од јавен интерес.
„Нашите надлежни органи имаат право да го видат тој договор. Нашата земја е обврзана да го има тој договор бидејќи тој договор го бараме од државата, а не од Кинезите“, додаде таа.
Запрашана за реакциите на претставници на актуелната власт по несреќата во Нови Сад, Савовиќ изјави дека се плаши дека „овој пат го бранат неодбранливото“. Таа изјави и дека довербата во експертите и увидот е под знак прашалник.
„Се плашам дека веќе на ништо не веруваме и тоа е најстрашното нешто… Проблемот е што кога некој ќе нè излаже многу пати, тогаш не веруваме на ниту еден збор што ќе го кажат“, вели таа.
Таа предупреди и дека „струката“ може да биде било кој, односно дека не е доволно дефинирана, особено ако се земат предвид случаите на купени дипломи.
„Секогаш ќе најдете лекар или градежник кој ќе ги застапува вашите ставови за некоја надокнада и ќе го прогласите за струка и потоа ќе им кажете на луѓето дека струката го кажала тоа“, рече таа.
Регион
Рама: Албанија се надева на членство во ЕУ до 2030 година
Албанија се надева дека ќе влезе во Европската унија до 2030 година, изјави премиерот Еди Рама.
Тој пред околу 2.000 приврзаници во хотел во Солун вети дека многу албански иселеници првпат ќе можат да гласаат на следните избори, кои ќе се одржат во пролетта 2025 година. И покрај различните спорови со Грција, Рама рече дека односите меѓу двете земји се одлични.
Имаше стравувања од националистички контрапротести, во град каде што екстремно десничарските партии се особено силни. На крајот, пред местото на средбата се појавија околу 20-25 луѓе, со транспарент на кој му порачаа на Рама да си оди.