Контакт

Регион

Словенија побара помош од ЕУ за заштита на работните места

Објавено пред

Словенечката влада аплицира за финансиска поддршка преку инструментот SURE за програми за заштита на работните места вредни вкупно 1,1 милијарда евра.

Инструментот SURE е една од трите безбедносни мрежи во вредност од вкупно 540 милијарди евра и е наменет за зачувување работни места во компаниите и земјите членки на ЕУ преку поволни заеми, пишуваат словенечките медиуми, пренесува агенцијата „Хина“.

Во барањето за финансирање од тој извор Словенија изјави дека добиените средства ќе ги искористи за мерки за субвенционирање чекање работа и работа со скратено работно време, за финансирање на основните приходи и за ослободување од плаќање придонеси на самовработени во микропретпријатија и за слични случаи.

Инструментот SURE треба да почне да функционира кога сите членки на ЕУ ќе обезбедат гаранција за заеднички заем, тој треба да биде достапен до крајот на 2022 година, а во случај кризната состојба да продолжи или да се повтори уште подолго.

Регион

Црногорски епидемиолог: Короната ни се шири како во Бергамо на почетокот на епидемијата

Објавено пред

Интензитетот на трансмисија на коронавирусот во Црна Гора е дури и поголем отколку што беше во италијанскиот град Бергамо на почетокот на пандемијата, тврдат епидемиолозите од Црна Гора.

Епидемиологот од црногорскиот институт за јавно здравје, Драган Лаушевиќ за РТЦГ изјави дека разликата помеѓу моменталната состојба во Црна Гора и ситуацијата во Бергамо на почетокот на пандемијата е во тоа што во Италија било погодено постарото население, додека новите случаи во Црна Гора се претежно помлади од 40 години.

„Во текот на изминатата недела, процентот на позитивни достигна до 40 проценти од тестираните, што укажува на тоа дека интензитетот на пренесување е исклучително висок“, вели Лаушевиќ.

Лаушевиќ смета дека Црна Гора досега добро ја бранела постарата популација од вирусот, но потсети дека пред неколку дена Ковид-19 легол во дом за стари лица во Рисан, каде биле заразени 10 лица кои престојуваат во домот и седум вработени.

Здравствените власти на Црна Гора во понеделникот потврдија 197 нови инфекции со коронавирус и пет смртни случаи поврзани со Ковид-19, со што боројот на инфекции од почетокот на епидемијата се зголеми над 10.000 или 1,5 проценти од црногорското население. Од март до сега во земјата се регистрирани и 169 починати како попследица на Ковид-19.

Денеска откако почетокот на новата учебна година беше одложен за 1. октомври, црногорските училишта и градинки ги отворија вратите за учениците. Епидемиолозите тврдат дека училиштата ќе бидат побезбедни места отколку игралиштата каде што се собираат децата и строго ќе се контролира усогласеноста со епидемиолошките мерки.

Прикажи повеќе...

Регион

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Објавено пред

Грција ја продолжи забраната за патување за државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА.

Ограничувањата на копнените граници се воведени од превентивни причини за да се заштити јавното здравје од ширењето на Ковид-19 во Грција и се однесува на периодот од 1 до 12 октомври.

Одлуката предвидува привремено ограничување на влез во земјата за сите државјани на трети земји од кое било место на влез и на кој било начин, вклучително и воздушни, поморски, железнички и патни врски, од превентивни причини за да се заштити јавното здравје од понатамошно ширење на Ковид-19 на грчка територија.

Одлуката не се однесува на граѓаните на земјите членки на ЕУ и Шенгенскиот договор, како и на граѓаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати.

Одлуката се применува во периодот од 1  до 12 октомври 2020 година.

Министрите за цивилна заштита, за здравство и за внатрешни работи ја усвоија одлуката, објавена во Службен весник на Грција.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска и натаму високи бројки на новозаразени со коронавирус

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 234 новозаразени со коронавирус и четири смртни случаи, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи во ова време во Хрватска е 1.325. Меѓу нив, 297 пациенти се во болница, од кои 26 пациенти се на апарати за дишење.

Од 25 февруари до денес во Хрватска се евидентирани вкупно 16.827 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 284 починале. Закрепнаа 15.218 лица, од кои 161 во последните 24 часа.

Во моментов има 7.903 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 312.406 лица, од кои 5.322 во последните 24 часа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и искрено сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Регион2 часа

Пациент во Хрватска починал затоа што му било инјектирано средство за дезинфекција

Претседателката на Управниот одбор на болницата во Чаковец, Соња Тошиќ-Грлач, изјави дека пациентот на хемодијализа починал откако по грешка му...

Топ2 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Свет3 часа

Навални: Тврдам дека зад труењето стои Путин

Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, за германски „Шпигел“ изјави дека не се сомнева оти рускиот претседател, Владимир Путин, стои зад...

Македонија4 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија5 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија18 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион23 часа

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија24 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион1 ден

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ1 ден

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет1 ден

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија1 ден

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија1 ден

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет1 ден

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет1 ден

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет2 дена

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија2 дена

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија2 дена

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Досие