Регион
Словенија: 2.413 новозаразени и 36 починати
Во последните 24 часа се потврдени 2413 нови инфекции со коронавирус во Словенија, од направени над 13 000 тестови, а уште 36 лица починаа од ефектите на Ковид-19, соопшти словенечко Министерство за здравство.Во моментов има 19.284 активни инфекции, што е за 1,6 проценти повеќе од претходниот ден.
Со последните смртни случаи, според Министерството за здравство, бројот на жртвите од Ковид-19 се искачи на 2.631.Бројот на хоспитализирани лица е намален во споредба со претходниот ден, така што во моментов има 1.170 пациенти во кавид-болниците, од кои 203 се на респиратор.
Владата предупреди дека граѓаните кои ќе добијат негативен резултат не треба да имаат лажно чувство на безбедност затоа што резултатот може да биде различен доколку тестот се повтори во рок од неколку часа и рече дека сите сепак мора да се придржуваат до основните анти-епидемиски мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ученик се обидел со запалка да му ја запали косата на првоодделенец во училиште во Нови Сад
Училишниот полицаец на 13 ноември пријавил во полиција во Нови Сад дека ученик со запалка му ја запалил косата на седумгодишен ученик, а претходно тоа го правел и со рачката во тоалетот, потврдиле за РТС од српаската полиција
За овој инцидент од Обвинителството велат дека нема елементи на кривично дело.
Овој инцидент се случил во основно училиште во Нови Сад.
Медиумите јавуваат дека станува збор за уште еден случај на насилство, во кое ученик од петто одделение малтретирал првоодделенец, а другите деца собрани наоколу гледале.
На социјалните мрежи се објавени наводни фотографии и изјави на родителите на малтретираното момче, пишува РТС.
Регион
Четири деца пронајдени без свест во спалните соби, едното починало од труење со гас: трагедија во Грција
Едно дете почина, а три се во тешка состојба по истекување на гас во семејна куќа во Ксанти, Грција.
Според медиумите, 16-годишно момче го загубило животот, две од неговите сестри биле интубирани, додека третата сестра исто така е во тешка состојба.
Децата утрово биле пронајдени во куќата без свест. Според медиумите, родителите спиеле во горната соба, додека децата биле на приземје. Кога утрово мајката се симнала, забележала дека ниту едно од децата не се движи и веднаш повикала брза помош.
Не многу долго откако сите биле префрлени во болница, лекарите можеле само да констатираат смрт на момчето. Неговите три сестри на возраст од 15, 18 и 20 години се во исклучително тешка состојба, според написите.
Во болница се хоспитализирани и таткото и мајката, но според грчките медиуми не биле забележани здравствени проблеми.
На трагедијата наводно им претходело поставување на резервоар за плин од надворешната страна на куќата. Се уште не е познато како дошло до истекувањето на гасот.
Регион
Вучиќ: Ќе продолжиме да се вооружуваме за да не се повтори ниту 1995 ниту 1999 година
„Ние не ја гледаме Хрватска како непријател, но сериозно се вооружуваме и ќе продолжиме да го правиме тоа за да не се повторат 1995 и 1999 година“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Согласно промената на доктрината на српската армија, ние мора да бидеме посилни од значаен дел од нашите соседи заедно“, изјави Вучиќ на ТВ Пинк.
Посочувајќи дека армијата „силно, брзо, ефикасно и сериозно“ се вооружува, Вучиќ рече дека тоа ќе продолжи за „да не се повтори ниту 1995, ниту 1999 или многу други години“.
„Нема да нападнеме никого, но никој да не помисли повторно да изврши агресија врз нашата земја“, рече Вучиќ.
Вучиќ признава дека Хрватска е поразвиена земја, но тврди дека Србија расте многу побрзо од нејзиниот западен сосед и дека оваа разлика се намалува.