Регион
Словенците во иднина ќе се вакцинираат само со „Фајзер“ и „Модерна“

Вакцинацијата против Ковид-19 во Словенија во иднина ќе се изведува само со мРНА вакцини (Фајзер-Бионтек и Модерна), а векторски вакцини (Астразенека и Џонсон и Џонсон) ќе се даваат само во исклучителни случаи, односно на лично барање, потврди министерот за здравство Јанез Поклукар.
Ова го препорачаа група медицински експерти откако неодамна девојка почина помалку од две недели откако беше вакцинирана со „Џонсон и Џонсон“.
Поклукар на прес-конференција рече дека векторските вакцини ќе бидат достапни само за луѓе кои имаат контраиндикација за вакцинација со мРНА вакцини или оние со желба да се вакцинираат со векторска вакцина.
Експертската група, исто така, и’ предложи на владата вакцината „Фајзер“ да се користи за помлади од 30 -години, поради новите податоци за ризикот од развој на воспаление на срцевиот мускул кај вакцинираните со „Модерна“.
Поклукар рече дека половина од Словенците се вакцинирани со мРНА вакцини, а другата половина со векторски вакцини. Вкупно 49,5 проценти од населението е вакцинирано.
На прашањето дали промената на стратегијата за вакцинација ќе го намали интересот за вакцинација, министерот рече дека користењето побезбедните, мРНА вакцини ќе ја зголемат довербата на јавноста, а со тоа и вакцинацијата на населението.
Поклукар, исто така, нагласи дека препораката на експертската група за давање трета доза на имунокомпромитирани лица и постари од 65 години, за кои ќе се користат мРНА вакцини, пред се на „Фајзер“, е прифатена. Третата доза ќе им се даде дваесет дена по втората доза или подоцна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Курти: На Косово нема српски општини

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека на Косово нема српски општини и дека договорот за формирање Заедница на српски општини го прекршил претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Има општини каде Србите се мнозинство, но нема албански, српски или турски општини. Општините се општини на граѓаните. Значи, општините немаат национална припадност“, изјави за новинарите Курти, пренесува „Радио Ким“.
Тој додаде дека Уставот на Република Косово не дозволува здружување врз основа на етничка припадност.
„Здружение на општини или разни други организации може да имате само по различна основа, било да е тоа економска, економска, социјална, здравствена или образовна, но не и на етничка основа. 33-те договори што беа потпишани во Брисел пред да дојдам на власт се распоредени хоризонтално, немаат хиерархија. Не можете да кажете дека овој договор е поважен од другите. Сите тие договори се еднакви и тие ќе бидат третирани во нашите преговори, кои во основа го имаат овој последен предлог на Европската Унија, кој доби поддршка особено од Франција, Германија и САД. Значи, сите тие претходни договори се во тој предлог. Сега не можете да земете еден од вашите договори и да кажете дека тоа е единствениот договор што е важен. Има 33 договори“, рече тој.
Косовскиот премиер додаде дека „кога ќе дојде време“ и врз основа на овој предлог од Европската унија „ќе ги разгледа сите тие договори“.
„Нема договор што може да биде предуслов и нема договор што може да влезе во центарот на иден договор. Целосната нормализација на односите меѓу Косово и Србија мора да има взаемно признавање во центарот“, смета Курти.
Според него, претседателот на Србија „го прекршил својот најценет договор“.
„Не заборавајте дека на 10 декември минатата година тој договор за Заедница на општините беше потпишан на 19 април 2013 година од поранешните премиери Хашим Тачи и Ивица Дачиќ, а претседателот на Србија го прекрши кога испрати писмо до пет земји од ЕУ кои не го признаваат Косово. Претседателот на Србија потпиша писмо против барањето на Косово за членство во Европската унија. Со тоа го прекрши својот најценет договор, бидејќи во точката 14 од тој договор се вели дека Косово и Србија нема да си создаваат пречки меѓусебно во однос на патот кон европската интеграција“, рече Курти.
Регион
Милановиќ: Хрватска не е во војна со Русија

Ако нема преговори меѓу Москва и Вашингтон, тогаш сме чекор поблиску до третата светска војна, изјави денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и посочи дека испраќањето западни тенкови во Украина ќе ја продолжи војната.
„Ако Америка и Русија не се договорат, а тоа не е на повидок, војната нема да престане. Некако се надевам дека ќе продолжат некакви разговори, или полека ќе се движиме кон трета светска војна, за што некои мислат веќе почна, но јас сум малку резервиран. Што се однесува до тенковите, и руски и американски горат исто“, изјави Милановиќ.
Тој смета дека Хрватска никогаш не треба воено да и помага на Украина.
– Сакаш да одиме во војна? Цитирав еден украински министер кој рече дека тоа е прокси војна. Само ги повторив неговите зборови. И тогаш го слушавме Лавров како ме фали, но по неколку дена германскиот министер за надворешни работи рече дека мора да бидеме обединети бидејќи, цитирам, сме во војна со Русија. Не го знаев тоа. Можеби Германија повторно војува со Русија, но нека им е со среќа, можеби ќе поминат подобро од пред 70 години – изјави Милановиќ.
Регион
Дачиќ по разговорот со Ердоган: Турција е за почитување на потпишаните договори со Приштина

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на денешната средба му ветил дека Анкара ќе и нагласи на Приштина дека е неопходно да се почитува договорот и претходно потпишаните договори.
Дачиќ посочи дека не е реално да се очекува дека Турција ќе го промени ставот за статусот на Косово и Метохија, но дека е важно Србија да го зачува мирот, да избегне инциденти.
„Ердоган секако, во сите разговори што ќе ги има со Приштина, како и сите турски претставници, ќе нагласи дека е неопходно да се почитуваат сите договори, дека е неопходно да се води дијалог и да се зачува мирот. За нас е доволно некој да направи такво влијание, така што луѓето во Приштина уживаат поддршка за попречување на мировните договори и загрозување на мирот и стабилноста во регионот“, нагласи Дачиќ.
Шефот на српската дипломатија нагласува дека сите средби што ги имал денеска во Анкара поминале во атмосфера што укажува дека односите меѓу двете земји се во нагорна линија и дека можеби се на нивниот историски максимум, а тоа се одразува и на двете политичките и економските односи.
Тој посочува дека ја искористил приликата да го поздрави претседателот Ердоган во име на Вучиќ и да му овозможи телефонски разговор со него.
„Тие разговараа по телефон и претседателот Ердоган рече дека Вучиќ е негов голем пријател и дека ќе погледне да дојде во посета на Србија во февруари, иако тоа е доста тешко бидејќи им претстојат избори. Тоа ни е особено важно бидејќи е поттик за стабилност“, рече Дачиќ.