Регион
Србија добива уште 100.000 дози од руската вакцина

Во вторник вечер, нов контингент од 100.000 вакцини „Спутник В“ од Русија ќе тргне за Србија, објави утрово српскиот министер за иновации, Ненад Поповиќ.
Управо сам од мог руског колеге, министра индустрије и трговине РФ, Дениса Мантурова, добио потврду да у уторак увече за Србију полеће авион са 100.000 нових вакцина Спутњик Ве. Русија је још једном показала да нас не оставља на цедилу када нам је најпотребнија. Хвала браћо! pic.twitter.com/YfDCyx9haQ
— Nenad Popović (@npopovicSNP) March 21, 2021
„Само што добив потврда од мојот руски колега, министерот за индустрија и трговија на Руската Федерација, Денис Мантуров, дека авион со 100.000 нови вакцини „Спутник В“ ќе полета за Србија во вторник навечер“, напиша Поповиќ на Твитер.
„Со тоа Русија уште еднаш покажа дека не остава на цедило кога ни е најпотребно“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Од топлотен бран до бури: силно невреме во Солун и на Халкидик

Силното невреме што го погоди Солун во четвртокот наутро предизвика проблеми кај населението.
Обилните дождови ги претворија главните патишта во реки, а локалните извештаи покажуваат дека шахтите пукнале под притисокот на водата, објавува „Товима“.
Πλημμύρισε το κέντρο της Θεσσαλονίκης και οι δρόμοι γύρω από το Βαρδάρη#tanea #taneagr #news #rain #βροχη #kairos #καιρος #weather #thessaloniki #skg #viral #summer #fyp pic.twitter.com/eYTi1EDe7y
— TA NEA (@ta_nea) July 31, 2025
Мотоциклист е повреден кога изгубил контрола на лизгава улица во центарот на градот, поточно на прометната авенија Цимиски.
Според анализите на феноменот преку страницата Weather Analysis на „Фејсбук“, за помалку од еден час се забележани 37 литри дожд на квадратен метар, количина што одговара на просечните вкупни врнежи од дожд за цел јули, пренесува медиумот.
Службите за цивилна заштита се во состојба на готовност бидејќи слични временски услови се очекуваат и во наредните денови според прогнозите, објавува grtimes.gr.
Обилни врнежи од дожд се регистрирани во Солун, на Халкидик и во Кукуш, како и на планинските делови во Епир, Тесалија, Спорадиските Острови и во некои делови од Тракија.
Фото: принтскрин
Регион
Хрватска е подготвена да прифати деца од Газа

Хрватска ги отвора вратите за децата од Појасот Газа, објави Министерството за надворешни и европски работи, со акцент на психосоцијална помош и едукација за опасноста од експлозивни направи, објавија хрватските медиуми.
„Република Хрватска ќе ги отвори вратите за децата од Газа на ист начин како што ги отвори за децата од Украина фокусирајќи се на психосоцијална помош и едукација за опасноста од експлозивни направи“, објави денес Министерството.
Во соопштението се нагласува дека Хрватска има искуство во ова од татковинската војна и дека има меѓународно признато знаење за дејствување против мини.
Министерството пишува дека државата е подготвена да прифати деца доколку се појават можности, за што верува дека ќе се појават, и нагласува дека континуирано спроведува проекти поврзани со украинските деца, од кои речиси 700 се згрижени во Хрватска преку јавен повик.
Планот го објави државниот секретар на Министерството за надворешни работи за политички прашања, Франо Матушиќ, на меѓународната конференција за мирно решение на палестинското прашање и спроведување решение за две држави во седиштето на ОН.
Регион
Украинско комбе се судри со руски камион во Словенија, петмина загинати

На автопатот кој ги поврзува Марибор и Љубљана, во близина на излезот Словенска Коњица, во правец на Љубљана, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а две се повредени. Несреќата се случила кога патничко комбе удрилo во камион. Сите жртви биле странски државјани, соопшти словенечката полиција, јавуваат медиумите во регионот.
Според досега утврденото, возачот на комбе со украински регистарски таблички, кое превезувало седум лица, поради несоодветна брзина, удрил во задниот дел од приколка која стоела во ред поради работи на автопат. Пет лица загинале во комбето на местото на несреќата.
Возачот, кој ја предизвикал несреќата, е полесно повреден, додека патничка е тешко повредена. Двајцата повредени се пренесени во болница, а тешко повреденото лице е пренесено со хеликоптер. Идентитетот на загинатите сè уште се утврдува.
Возачот на камионот, руски државјанин, не е повреден, но му е понудена психолошка помош поради сериозноста на несреќата, објавува Радиотелевизија Словенија. Несреќата се случила непосредно пред одморилиштето Тепање, на дел од автопатот каде што се во тек големи работи – се реновираат 13 километри пат, два тунела и три вијадукти. Полицијата потврди дека несреќата се случила пред работната зона каде што се формираат долги редици поради затворени ленти.
Фото: принтскрин