Контакт

Регион

Србија доби согласност за отворање уште едно поглавје со ЕУ

Објавено пред

Сите земји членки на Европската Унија дадоа согласност Србија до крајот на оваа година да го отвори Поглавјето 4, кое се однесува на слободата на движење на капиталот, дознава „Танјуг“ од извори во Брисел.

Меѓувладината конференција, на која ќе биде отворено новото поглавје во пристапните преговори, ќе се одржи на 10 декември во Брисел.

Србија ги почна преговорите за влез во ЕУ во 2016 година со отворање на поглавјата 23 и 24, најзначајните и најтешки поглавја што земја кандидат за членство треба да ги исполни. Поглавјето 23 се однесува на правосудството и основните човекови права, а Поглавјето 24 е за прашањата од областа на правдата, слободата и безбедноста.

Регион

Српски камионџии претeпaни на границата меѓу Украина и Романија

Објавено пред

Шестмина српски камионџии ноќеска по полноќ биле брутално претепани на граничниот премин меѓу Украина и Романија, но од украинската страна, пренесува српски „Курир“.

„Србите биле претепани од украински возачи на шлепери, а додека ги удирале им викале ’ова е Украина‘ и дека тоа е нивна граница“, пишува „Курир“.

Групата претепани српски возачи објаснила дека тоа се случило на границата меѓу двете земји, пред самиот влез во Романија, додека се враќале дома. Тројца од возачите се здобиле со сериозни повреди.

Прашани што било повод за нападот, возачите рекле дека биле нападнати без причина. Тие посочиле дека на тоа место со денови чекаат српски, руски и белоруски шлепери за разлика од домашните, кои без проблем ја заобиколуваат километарската колона и веднаш ја преминуваат границата.

Амбасадата на Србија во Романија соопшти дека не била официјално известена за инцидентот на украинско-романската граница ниту од српските државјани, ниту од романските власти.

Прикажи повеќе...

Регион

Пронајдена огромна мртва желка на островот Крк

Објавено пред

Жителите на хрватскиот остров Крк забележале огромна желка и веднаш се јавиле во ветеринарниот центар во Цриквеница, од каде што двајца вработени дошле да видат што се случило со заштитеното животно главата желва.

Дојавата ја примила Соња Белиќ, ветеринарен техничар и член на персоналот на ветеринарниот центар во Цриквеница, која рече дека, за жал, не се работело за спасување. Желката веќе била мртва затоа нејзиното тело се заглавило на брегот.

„На ‘Фејсбук’ објавивме текст со фотографии од настанот за да помогнеме да ги освестиме граѓаните колку е важна заштитата на животната средина“, рече таа.

Na što sve nećemo naići….😏Nedavno smo dobili poziv od komunalnih redara općine Dobrinj da se na jednoj od plaža…

Posted by VET Centar Crikvenica on Понеделник, 09 декември 2019

„Желката била стара, веројатно, повеќе од 50 години. Тежела 49 килограми. Еден колега, кој го разбира видот, рече дека најверојатно била заплеткана во рибарска мрежа. Во повеќето случаи вака умираат желките кај нас – се заплеткуваат во мрежата или јадат пластичен отпад, што е особено акумулирано по крајот на туристичката сезона“, вели Белиќ.

Главата желва е вид морска желка која единствено ги населува Медитеранот и Јадранското Море. Одвај се забележуваат затоа што живеат во подлабоки делови на морето што се подалеку од брегот. Не смеат да се ловат затоа што се заштитени.

Прикажи повеќе...

Регион

Нов земјотрес на Крит

Објавено пред

Уште еден земјотрес со јачина од 4,8 степени го погоди Крит околу 5 часот утрово, соопшти атинскиот Геодинамички институт.

Епицентарот на земјотресот се случи во морето, на 12 километри југоисточно од Закрос, јавува новинската агенција АНА.

Засега нема податоци за материјална штета.

Тоа е втор земјотрес што го погоди грчкиот остров во последните 24 часа. Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени беше регистриран вчера.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија2 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија3 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија3 часа

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Свет4 часа

Трамп до универзитетите: Укинете го антисемитизмот ако сакате пари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за забрана на федералните фондови наменети за универзитетите и колеџите, кои дозволуваат антисемитизам....

Свет5 часа

(Видео) Се запали рускиот разорувач „Адмирал Кузњецов“, тројца повредени

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запалил додека го поправале на докот во Мурманск, при што повредени се три...

Регион6 часа

Преговорите за влада на Косово без резултати , нема договор за коалиција

Во косовското собрание синоќа се одржа уште една средба на лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот...

Свет6 часа

Санчез доби мандат за формирање влада

Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада. Социјалистичката партија...

Свет6 часа

САД ја предупреди Северна Кореја да е откаже од нуклеарната програма и да избегнува провокации

САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од...

Свет6 часа

Парламентарни избори во Велика Британија – главни ривали се Џонсон и Корбин

Граѓаните на Британија денеска гласаат на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата,...

Спорт16 часа

Легендарниот шампион Леон Спинкс се бори за живот

Легендарниот шампион во тешка категорија, Леон Спинкс, се бори за својот живот во болница, потврди неговата сопруга, која побара молитви...

Регион18 часа

Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во...

Македонија19 часа

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Топ22 часа

Возило излета од патот кај Дебарца и удри во пешак и паркирано возило

Синоќа на магистралниот пат Кичево – Охрид, во атарот на селото Радомирово, општина Дебарца, патничко возило управувано од Љ.В.(46) од...

Македонија23 часа

Се укинува законот за зелените пазари

Со 50 гласа пратениците го подржаа предлогот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кој побара по скратена постапка да престане...

Македонија23 часа

Манчевски: Префрлањето на администрацијата во приватниот сектор нема да биде политички отстрел

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, најави дека до крајот на годината ќе ги предложи пакет-мерките за префрлање...

Македонија1 ден

Обвинителството испитува кој ги објавува аудиоснимките поврзани со „Рекет“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет и веќе проверува кое е лицето што ги објавува...

Свет1 ден

Австралиските пожарникари сами собираат средства за квалитетни маски за дишење

Пожарникарите во Нов Јужен Велс, Австралија, поведоа итна акција за собирање средства за набавка на подобра безбедносна опрема кога открија...

Македонија1 ден

Објавени аудиоснимки поврзани со „Рекет“: „Не знам, куферот со пари не е кај Заев“

На јутјуб-каналот U6e Big се појавија нови аудиозаписи поврзани со случајот „Рекет“. На нив се слуша глас кој личи на...

Македонија1 ден

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон. Ова го потврди досегашниот организатор Пецо Неданов, кој на „Фејсбук“ објави дека...

Досие