Регион
Србија почнува со масовна вакцинација против коронавирус
Србија почнува со масовна вакцинација за населението, откако земјата досега набави вкупно 1.054.950 вакцини и има договор за набавка на уште 6 милиони дози.
Претседателот Александар Вучиќ, најави дека во Србија денеска или утре ќе пристигнат 250.000 вакцини „Спутник V“, а се очекува наскоро преку Полска да се набави и четвртата вакцина од производителот Астра-Зенека.
Денеска ќе почне и масовната вакцинација со кинеската вакцина Синофарм.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, апелираше до граѓаните да се пријават за вакцинација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Дунав поплави село во Србија: До него се стигнува само со брод
Рибарско викенд село кај Сомбор е поплавено поради покачувањето на нивото на реката Дунав и единствен начин да се стигне до селото е со брод.
Водата ги поплави викендичките до висина на прозорците.
View this post on Instagram
– Во ова викенд одморалиште нема струја и во моментов се стигнува само со брод – пишува во описот на видеото објавено на Инстаграм.
Се наведува и дека ваков вид поплави годинава се случуваат по трет пат и дека мештаните се навикнати секогаш да бидат први на удар.
Регион
Воз прегази малолетник во Загреб
Во понеделникот наутро воз налета на малолетник во околината на Загреб. Според полицијата, околу 8.50 часот тие добиле пријава за настанот, но поради тоа што се работи за малолетник, не соопштуваат повеќе информации.
Како што пренесуваат медиумите, малолетникот починал.
Најверојатно, се работи за несреќен случај, соопшти Јавното обвинителство на Загреб. Според тамошните медиуми, најверојатно се работи за малолетник што тргнал на тренинг.
Поради инцидентот, патничкиот сообраќај според хрватските железници бил во прекин и сообраќајот се одвивал преку помошни транспортни релации.
Регион
Голема полициска акција во Далмација: уапсени неколку лица
Апсења на територијата на Сплитско-далматинската жупанија, јавуваат хрвтаските медиуми.
Според објавеното, акцијата и спроведувањето се резултат на кривична истрага спроведена од Сплитско-далматинската полиција по налог на УСКОК.
„Споменатите дејства се вршат на територијата на Сплитско-далматинската жупанија во врска со повеќе лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела против правосудството. По распитот на осомничените, УСКОК ќе донесе одлука за понатамошно постапување во предметниот случај за што навремено ќе ја информираат јавноста“, додаваат од таму.
За апсењата објави и полицијата, пренесува „Индекс.хр“.
„Полициски службеници на Сплитско-далматинската полиција, Службата за организиран криминал, во координација со Канцеларијата за сузбивање корупција и организиран криминал (УСКОК), рано утринава почнаа со реализација на кривична истрага поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело против судството“.
„Истрагата опфаќа неколку лица. Во текот на денот ќе се спроведат итни доказни дејства, а по завршување на истрагата, полициската управа ќе поднесе кривична пријава до Управата за сузбивање корупција и организиран криминал“, соопштија од полицијата.