Регион
Србија сè поблиску до заклучување – над 5.000 заразени и 38 починати во еден ден

Во последните 24 часа, во Србија 15.061 лице биле тестирани за коронавирус, од кои 5.067 биле позитивни, а 38 лица починале поради компликации, што според тамошните медиуми, е рекорден број на смртни случаи во еден ден.
Во здравствените установи низ Србија има 216 пациенти на респиратори. Вчера во Србија имаше рекорден број на новозаболени лица, 6.254.
Денеска се состана и Кризниот штаб за вонредни состојби на Белград и донесе одлуки кои главно се однесуваат на градскиот превоз. Одлучено е да има повеќе автобуси во оптек со цел да се намали метежот во јавниот превоз.
Што се однесува до наставата преку интернет, членот на Кризниот штаб Срѓа Јанковиќ утрово изјави дека засега не е време училиштата во Србија да преминат на онлајн настава.
Поради влошената епидемиолошка состојба, Србија е сè поблиску до затворање, иако со подобро придржување кон мерката за носење маски, властите велат дека државата би ја избегнала ситуацијата за воведување на построги ограничувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.