Контакт

Регион

Српскиот министер за здравство отсега ќе одлучува за рестриктивни мерки, забрането собирање повеќе од 5 лица

Објавено пред

Собранието на Србија усвои измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести, со кои се воведуваат казнени мерки и му се даваат поголеми овластувања на министерот за здравство, Златибор Лончар, во борбата против коронавирусот, со можност за пропишување задолжителна вакцинација.

Со измените и дополнувањата на законот се воведени казни за непочитување на епидемиолошките мерки – за неносење заштитни маски 40 евра за физички лица и од 400 до 2.550 евра за правни лица, а санитарната и комуналната инспекција и комуналната полиција ќе бидат одговорни за спроведување на казнените мерки.

Клучна личност кога станува збор за усвојување мерки во случај на пандемија ќе биде министерот Лончар, а измените и дополнувањата на законот значително ги проширија неговите овластувања. Тој може да забрани собири и да го ограничи движењето. Со измена на законот на Лончар му беше дадено овластување да одлучува за вакцинацијата на населението.

Дефинирани се мерките за изолација, кои бараат третман дома и ја ограничуваат слободата на движење на пациентите кај кои е утврдено присуство на некакви симптоми или знаци на заразна болест. Мерката ќе ја препишат специјалисти за инфективни и заразни болести или лекари од други специјализации во согласност со прописите на Министерството за здравство.

Слободата на движење исто така може да им биде ограничена на здрави лица што биле во контакт со заразени лица. Оваа мерка може да се примени и за патниците во меѓународниот сообраќај што влегуваат во Србија од земји со неповолна епидемиолошка состојба.

Најновиот пакет-мерки го ограничува собирањето повеќе од пет лица во затворено и надвор. Најголем фокус сè уште е Белград, со 40 до 50 проценти од вкупниот број новоинфицирани на дневна основа.

Од почетокот на епидемијата на 6 март во Србија се регистрирани 73.765 заразени лица, а официјално се пријавени 955 смртни случаи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Се излеаја неколку реки во Херцеговина, загрозени се семејни куќи

Објавено пред

Неколку реки во Херцеговина се излеаја од коритата поради обилните врнежи дожд што паѓаа со денови.

Најсериозна е состојбата во областа Чапљина, каде се поплавени дворови, патишта и земјоделски површини, јави „Танјуг“.

Неколку семејни куќи и помошни објекти лоцирани покрај реката Требижат се загрозени поради зголемениот водостој. Оваа река се излеа во дворовите на семејни куќи и поплави неколку подруми, а поплавите се закануваат и на станбени згради.

Најлоша е состојбата во местото Струге, јужно од Чапљина, а водата доаѓа и во населените места Грабовине и Требижат, каде се поплавени земјоделски имоти, локални патишта, но и помошни објекти.

Обилни врнежи дожд се најавени и во следните денови.

Прикажи повеќе...

Регион

Грците бесплатно ќе се вакцинираат во јануари

Објавено пред

Грција подготви план за започнување на вакцинација против Ковид-19.

Според планот, доколку вакцините бидат одобрени од Европската агенција за лекови, Грција ќе биде подготвена за вакцинација од почетокот на јануари.

Вакцинацијата ќе биде доброволна и бесплатна.

Предвидено е основање на 1.018 центри за вакцинација низ цела Грција, чиешто опремување е веќе во тек.

Се проценува дека 2.117.440 граѓани од вкупно 11 милиони во Грција ќе можат да вакцинираат месечно.

Прво ќе се вакцинираат здравствените работници, потоа постарите од 65 години и оние кои имаат хронични заболувања, а потоа и целата популација.

Граѓаните ќе можат да закажат вакцинација преку СМС, Интернет или телефон, преку центрите за закажување.

Доколку се набават повеќе дози на вакцини, ќе се формираат повеќе центри за вакцинација.

Бидејќи вакцината мора да се чува на многу ниски температури, Грција веќе опреми 14 ладилници за таа цел.

Грчкиот план става посебен акцент на информирање на населението, бидејќи успехот на вакцинацијата ќе зависи и од однесувањето на граѓаните.

Научните тела воспоставуваат заеднички „информативен фронт“, со цел граѓаните да разберат дека е безбедно да се вакцинираат.

Во пораката до грчкиот народ, генералниот директор на Светската здравствена организација, Ханс Клуге, рече дека вакцинацијата ќе биде „одлучувачко оружје против пандемијата и ќе ни помогне постепено да се вратиме во нормалниот социјален и економски живот“.

„Со комбинирање на вакцинацијата и придржување кон препораките за јавно здравје, ќе обезбедите најдобра заштита за себе и ќе ви помогнете да ги заштитите другите“, им рече Клуге на Грците, додавајќи дека „нормално е да се грижите, но вакцините што ќе бидат одобрени ќе бидат безбедни“.

Тој увери дека сите стандардни регулаторни процедури се применуваат во Грција и ЕУ и изјави дека СЗО ги проценува сите вакцини против Ковид-19, пред да се одобрат.

„Вашата доверба во вакцината Ковид-19 и здравствените услуги ќе биде од витално значење. Ве повикувам да побарате веродостојни информации од сигурни извори. Не станувајте дел од нова пандемија на дезинформации“, изјави претставникот на СЗО.

Грчкиот министер за здравство, Василис Кикилиас, исто така, ги повика граѓаните да не веруваат во лажни вести и „да ги затворат ушите пред оние што сакаат да го отрујат овој национален напор“.

Во светот, во клинички испитувања има најмалку 42 вакцини, додека 10 се во завршна фаза на студии, а повеќе од 180 вакцини од различни видови се во различни фази на развој.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Силен земјотрес ја погоди Анталија

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди турската крајбрежна провинција Анталија.

Епицентарот бил на длабочина од 93,3 километри.

Турските медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во Анталија и соседните провинции, пренесува „Ројтерс“.

Засега нема извештаи за жртви или штети.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Регистрирани 984 нови случаи на коронавирус, починаа 24 лица

Во последните 24 часа се направени 2995 тестирања, а регистрирани се 984 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-398, Куманово-47, Дебар-11,...

Македонија6 часа

Маж од Дебар е нова жртва на измамниците со купопродажба на автомобили

Во последно време зачестени се кривичните дела – измами при купопродажба на патнички моторни возила. Четириесет и двегодишен маж од...

Македонија6 часа

Заев: Нема дилми во употребата на придавката „македонски“

Придавката „македонски“ е употреблива насекаде низ светот. Таа е идентитетска, и нема дилеми во нејзината употреба. Ова го изјави премиерот...

Македонија7 часа

Мицкоски: Заев преговара за идентитетот, ќе му се случи народ

Зоран Заев преговара за идентитетот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешните протести, од каде му порача на премиерот...

Македонија7 часа

Вкупно во Македонија се хоспитализирани 1.326 пациенти со коронавирус

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и...

Македонија8 часа

Се поставува модуларната болница во Гевгелија

Денеска во Гевгелија започна поставувањето на модуларната болница, а во текот на следната недела монтажа на објектите ќе започне во...

Топ8 часа

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на Партизанска

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа помеѓу две возила што се случи на булеварот Партизански одреди, во близина на...

Македонија10 часа

Штип ќе добие модуларна болница и ново возило за итна помош

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека до крајот на месецов ќе биде готова модуларната болница во Штип. „Имајќи предвид...

Свет11 час

Русија почна со вакцинирање на населението против коронавирус

Од утрово почна вакцинацијата против коронавирус во Москва со вакцината „Спутник 5“, со што Русија стана првата земја која го...

Македонија12 часа

Бугарски интелектуалци: Не може да се очекува едната страна да изврши политичко самоубиство

Несоодветно е да се очекува едната страна во преговорите да изврши политичко самоубиство. Неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и...

Македонија13 часа

Бучковски: Можеме да најдеме решение за нашата иднина

Македонската влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на спроведувањето на Договорот...

Македонија13 часа

Регистриран земјотрес во Скопје околу полноќ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија1 ден

Во Македонија 1.100 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија 30 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 1.100 нови случаи, соопшти Министерството за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот, Заев лажеше

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски, кој го означува нашиот идентитет,...

Македонија1 ден

Историската комисија заглави кај цар Самуил, спорна придавката македонски

Мешовитата македонско-бугарска историска комисија на 11. средба не постигна напредок во преговорите. Историчарите се обиделе да ги надминат разликите за...

Македонија1 ден

Вакцинирањето во земјата ќе почне до март и ќе биде бесплатно

Вакцинирањето против Ковид-19 ќе почне во првите два-три месеци в година, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Ќе се примаат...

Македонија1 ден

Граѓаните над 65 години први ќе ја примат вакцината против Ковид-19

Граѓаните со хронични белодробни и кардиоваскуларни болести и граѓаните постари од 65 години ќе имаат предност за вакцината против Ковид-19,...

Македонија1 ден

Холандската амбасада демантира дека Холандија го поддржува ветото

Холандската амбасада попладнево ја демантира и ја оценува како лажна вест информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна...

Европа1 ден

„Астразенека“ и „Оксфорд“ презентираа различни тврдења за нивната вакцина

Компанијата „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд дадоа спротивставени тврдења за начинот на дозирање на нивната вакцина против коронавирус, што е редок...

Македонија1 ден

Нефи Усеини не е повеќе советник во Општина Охрид

Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница Советот...

Досие