Регион
Супстанцијата за „спутник В“ пристигнува во Србија: ќе бидат произведени 4 милиони вакцини
Супстанцијата за производство на вакцината „спутник В“ пристигнува во Институт „Торлак“ во попладневните часови, а производството на вакцината во тој институт започнува утре, изјави денеска министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ, додавајќи дека во првата фаза ќе бидат произведени четири милиони вакцини.
Тој рече дека супстанцијата за вакцината пристигнала на аеродромот „Шереметјево“ и попладнево ќе се транспортира во Белград во специјални контејнери на температура од плус два до плус осум степени.
„Кога ќе пристигне во Белград оди во ‘Торлак’, каде што сè е подготвено за производство на вакцината, што ќе започне утре попладне“, изјави Поповиќ за РТС.
Според него, четири милиони вакцини „спутник В“ ќе бидат произведени во првиот период од четири до шест месеци.
Тој истакна дека производството на втората доза на вакцината е многу комплицирано за производство.
„Вакцината ‘спутник В’ постигна извонреден резултат, покажуваат истражувањата. Ефикасноста достигна 97,6 проценти“, посочува Поповиќ.
Тој наведува дека вакцината ќе се користи првенствено за српските граѓани, бидејќи таков е договорот меѓу претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ, но секако дека Србија ќе му помогне и на регионот.
Се очекува првата вакцина од „Торлак“ да пристигне до пунктот за вакцинација за 10 дена.
Србија е првата земја во Европа што ќе ја произведува вакцината „спутник В“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

