Контакт

Регион

Тачи прв му ја честиташе победата на Ѓукановиќ

Објавено пред

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, прв од регионот му ја честиташе победата на лидерот на Демократската социјалистичка партија, Мило Ѓукановиќ, на претседателските избори во Црна Гора, јавија медиумите од земјата.

„Му честитам на мојот стар пријател, Мило Ѓукановиќ, за победата во Црна Гора. Ова е победа за нив, но и за целиот регион кој тежнее кон НАТО и ЕУ интеграциите“, напиша Тачи на „Твитер“.

Регион

Хрватска воведува национална пензија од 100 евра месечно за лица над 65 години без приходи

Објавено пред

Во Хрватска, лица над 65-годишна возраст, кои немаат никаков приход, а можеби ни имот, треба да добијат 800 куни (околу 107 евра) национална пензија месечно од 2021 година. Хрватското Министерство за труд и пензискиот систем забрзано работат на донесување на нов закон за националните пензии, за што во текот на оваа недела треба да се изјасни работна група составена од експерти, социјални партнери и здруженија на пензионери.

За време на последната парламентарна изборна кампања, ХДЗ вети воведување национална пензија, а според државниот секретар Мајда Буриќ, предлог-законот треба да биде во владина процедура уште во јануари или февруари.

За да добие право на државна пензија на Хрватска, лицето на возраст од 65 години мора да живее во земјата од 45-годишна возраст. Националната пензија би изнесувала 800 куни месечно, и во зависност од критериумите, на неа може да сметаат помеѓу 8 000 и 22000 граѓани во Хрватска кои немаат друг приход.

Прикажи повеќе...

Регион

Бомба фрлена во центарот на Подгорица

Објавено пред

Експлозивната направа беше фрлена во кафулето „Велдер паб“ во центарот на Подгорица.

Тоа се случило околу три часот наутро на булеварот Иван Црноевиќ, пренесува ЦДМ.

Силна детонација ги вознемирила жителите на тој дел од градот, а полициската истрага сè уште трае.

Прикажи повеќе...

Регион

Ердоган навести затворање на воената база Инџирлик ако САД воведат санкции

Објавено пред

Турција би можела да ја затвори воената база Инџирлик, во која има американски нуклеарни боеви глави, како одговор на заканите на САД за воведување санкции за Анкара и неодамна донесената резолуција на американскиот Сенат, прогласувајќи го ерменскиот масакр пред еден век како геноцид, рече денеска турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

„Треба да преземеме таков чекор … Доколку е потребно, заедно со нашите делегации, ќе ја затвориме базата Инџирлик“, рече Ердоган.

Тој додаде дека Турција може исто така да ја затвори и рударската база Куреџик, доколку е потребно“, пренесе Ројтерс.

„Ако ни се закануваат со примената на тие санкции, секако дека ќе одговориме“, рече турскиот претседател.

На 12 декември американскиот Сенат усвои резолуција со која се признава за геноцид масакрот врз Ерменците извршен од страна на отоманските Турци пред еден век.

Резолуцијата претходно беше блокирана трипати на барање на Белата куќа, но едногласно беше усвоена во четвртокот.

Ердоган рече дека Турција може да одговори на таа одлука на американскиот Сенат со усвојување парламентарни резолуции во кои се прогласува масакрот на американските Индијанци во изминатите векови за геноцид, пренесе Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Општина Ѓорче Петров им забрани на наставниците да користат мобилни телефони

Општина Ѓорче Петров донесе забрана за користење мобилни телефони од страна на наставниците за време на наставата во основните училишта...

Топ2 часа

Прегазен пешак во Илинден

Дваесет и едногодишно момче со автомобил удрило во 79-годишен пешак, кој починал на местото на несреќата. Според информациите на полицијата,...

Македонија2 часа

(Видео) Јасна Мандиќ од куќен притвор донесена на распит во Обвинителството

Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, соработничката на Бојан Јовановски, од куќен притвор со полициска придружба беше спроведена во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија3 часа

Жителите на Трнодол најавуваат протести и тужба против градоначалникот

Жителите на Трнодол најавуваат протести ако Општина Карпош не го повлече детаљниот урбанистичкиот план, кој, како што велат, може да...

Свет4 часа

„Њујорк тајмс“: САД тајно протерале двајца кинески дипломати осомничени за шпионажа

Американската влада тајно протерала двајца официјални претставници на кинеската амбасада по нивниот упад во воената база во Вирџинија, објави „Њујорк...

Свет4 часа

Британски турист убиен пред луксузен хотел во Аргентина

Педесетгодишен британски турист е убиен пред луксузен хотел во Буенос Ариес. Како што пренесуваат светските медиуми, автобус со туристи патувал...

Свет5 часа

Во Виена уапсени двајца Чеченци, планирале терористички напад за Божиќ

Австриската полиција уапси двајца мажи осомничени дека планирале терористички напад во Виена меѓу Божиќ и Нова Година, пренесе Индекс.хр. Од...

Македонија17 часа

Aлфите го пронајдоа детето што се изгуби на кејот на Вардар

Единицата Алфа го пронајде 12 годишниот Мартин кој денеска се загуби во близина на кејот на реката Вардар. Од МВР информираа...

Топ20 часа

Тетовец го пријавил чичко му оти му се заканувал со секира

Шеест и двегодишен маж од Тетово, со иницијали И.И. синоќа бил приведен од страна на полицијата. Како што јави МВР,...

Македонија22 часа

Мицкоски за ексамбасадорот кој репетираше пушка: Го знам од детството, но ќе предложам негово разрешување

На следната седница на Извршниот Комитет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе предложи разрешување на ексамбасадорот, Томислав Димитровски, кој е...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: Судскиот совет да провери зошто се чувале предмети во фиока

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во воведот од неговиот говор рече дека го радува глетката од преполната сала...

Свет24 часа

(Видео) Најмалку четири лица загинаа во земјотресот на Филипините

Најмалку четири лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,9 степени кој го погоди островот Минданао во јужниот дел на...

Спорт1 ден

Македонец е светски првак во УФЦ–Александар „The Great“ Волкановски

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија. Волкановски утринава во Лас Вегас го...

Економија1 ден

Почна наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од...

Свет2 дена

Уништувањето на шумите во Амазонија достигна највисоко ниво за месец ноември

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни...

Македонија2 дена

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ2 дена

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија2 дена

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Македонија2 дена

(Видео) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при...

Македонија2 дена

Николоски тврди дека со СДСМ имале договор: За изборниот модел требаше да преговараме по изборите

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака...

Досие