Контакт

Регион

Трамвај излета од шините во Белград, загина еден пешак

Објавено пред

Еден пешак го загуби животот, а шестимина се повредени кога трамвај, кој се судри со автомобил, излета од шините во Белград.

(Фото: Танјуг)

Како што пренесуваат српските медиуми, трамвајот излетал од шините, удрил во дрво и во зградата на Стопанската комора на Србија, а потоа удрил и во еден 30-годишен пешак.

Пешакот, како што соопштија тамошните медиуми, им подлегнал на повредите. Според тамошните медиуми, шест други лица биле примени на Ургентниот центар.

Полицијата врши увид на местото на несреќата, а улицата на која се случила целосно е затворена. На самото место на несреќата има голем број пожарникари, сообраќајна полиција, екипи на брзата помош, како и градоначалникот и заменик-градоначалникот на Белград.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Грција го плаќа сместувањето на туристите ако се разболат од коронавирус

Објавено пред

Грција ќе го плати сместувањето на туристите кои ќе бидат позитивни на коронавирусот за време на нивната посета на оваа земја, објави владиниот портпарол Стелиос Пецас пред новинарите.

„Ние го сторивме тоа во минатото и ќе продолжиме да го правиме тоа. Очекуваме далеку помал број случаи, но се надеваме дека нема да ги има, затоа што се смируваат епидемиолошките циклуси во европските земји од каде што ги очекуваме туристите“, рече тој за време на редовната конференција, додавајќи дека целта е да се обезбеди максимална безбедност за жителите и посетителите.

Останува прашањето дали Грција ќе плати и за храна или за лекови за луѓето кои се принудени да останат во земјата.

Грција од 15 јуни ги отвора границите  за туристите од 29 земји, меѓу кои е и нашата земја. Тестирање и карантин нема да бидат потребни, туку ќе има случајно тестирање на оние кои ја преминуваат границата.

 
Прикажи повеќе...

Регион

Грција в година забранува пластични производи за еднократна употреба

Објавено пред

Грција планира до 1 јули 2021 година да ја забрани употребата на пластични производи за еднократно користење, рече министерот за животна средина и енергија, Костис Хацидакис.

Хацидикис ја објави веста на настан на плажа во Атина, на кој беше најавена соработка меѓу Министерството за животна средина и енергија и „А.Ц. Ласкаридис“, хуманитарна организација, со мото „Грција без пластика за еднократна употреба“.

Министерот истакна дека секој ден во Грција се користат голем број пластични производи за еднократна употреба и дека на тоа мора да му се стави крај.

„Затоа, почнува иницијативата ‘Грција без пластика за еднократна употреба’, која беше силно поддржана од премиерот, а која мора да се спроведе во соработка со граѓаните“, рече Хацидикис.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Ќе ја престигнеме Хрватска многу побргу отколку што очекувавме

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа гостуваше на телевизијата „Пинк“, каде што го најави економското престигнување на Хрватска, најпрвоин во однос на БДП, а потоа и во однос на платите.

„Ќе ја престигнеме Хрватска многу побргу отколку што очекувавме“, рече Вучиќ.

Потоа тој даде и низа конкретни ветувања.

„За едн аи пол година, ќе ја надминеме Хрватска во однос на БДП, а за шест години, во однос на платите. Сите други земји во регионот се веќе одамна зад нас“, рече српскиот претседател.

Според Вучиќ, без коронавирусот, Србија би имала најголем раст во Европа.

„Повеќето граѓани се задоволни од успехот на земјата, но не можеме да се навикнеме да бидеме најуспешни и мора да се жалиме за нешто. Отсекогаш сум бил против таа политика на поплаки. Извозот од ИТ-секторот ќе го надмине земјоделството за една и пол година. Ние мора да растеме и структурно да ги зајакнеме земјоделството, образованието и подготвени да влеземе во четвртата индустриска револуција“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија истакна дека во последниот квартал Србија имала економски раст од 6,1 проценти.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет25 минути

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет58 минути

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт1 час

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа1 час

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет2 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет13 часа

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет13 часа

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија14 часа

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија18 часа

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија19 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија20 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија21 час

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија21 час

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион23 часа

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија23 часа

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија24 часа

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија1 ден

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија1 ден

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија1 ден

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Досие