Регион
Училиштата во Бугарија преминуваат на онлајн-настава
Училиштата во Бугарија ќе преминат на онлајн-настава поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус, соопшти бугарското Министерство за образование.
Се препорачува првин средните училишта да почнат со таква настава, а основните училишта да бидат префрлени на неа само доколку е потребно, пренесува „Ројтерс“.
Во Бугарија е задолжително да се носат маски и на отворено и на затворено, како и да се држи растојание, а ноќните клубови се затворени две недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
