Контакт

Регион

Уште еден земјотрес регистриран во Албанија, продолжува потрагата по преживеани

Објавено пред

Попладнево, околу 14.05 часот, Албанија беше погодена од уште еден земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтеровата скала, со епицентар на ‘ртот Родон.

Како што пренесе албанскиот портал „Сот њуз“, ова е само уште еден во низата последователни земјотреси по најсилниот од 6,4 степени, кој беше регистриран во раните утриснки часови.

Овој земјотрес најмногу се почувствувал во Драч и Тирана.

Во меѓувреме, спасувачки тимови се обидуваат да пронајдат преживеани и заробени во урнати згради по првиот земјотрес, во кој загинаа најмалку 14, а повредени се повеќе од 600 лица.

Повеќе држави од Европа и регионот се подготвени да ѝ помогнат на Албанија во санирањето на последиците од серијата земјотреси, а во земјата веќе пристигнаа 52 лица за вонредни ситуации од Романија и 40 припадници на косовските безбедносни сили.

Албанскиот премиер Еди Рама најави дека помош за Албанија доаѓа од Италија, Грција, Франција, Турција, Србија, Црна Гора и од Косово.

Македонскиот премиер Заев соопшти дека и од земјава веќе се испратени тимови за спасување, а дадена е насока до најблиските региони, како Охридско-струшкиот и Кичевскиот, да испратат механизација.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Русија бара Приштина веднаш да ја повлече полицијата од северот на Косово

Објавено пред

Руското Министерството за надворешни работи денеска изрази загриженост поради влошувањето на ситуацијата во Косово и Метохија оценувајќи дека дејствата на, како што се вели, привремените приштински институции се провокации насочени кон протерување на Србите од автономната покраина.

„Многу сме вознемирени од влошувањето на ситуацијата во северните региони на српската автономна покраина Косово… Во суштина, тоа е обид на локалните Албанци да ги преземат областите населени со Срби и да воспостават своја контрола. Овие посапки ги сметаме за провокација, чија цел е продолжување на етничкото чистење и протерување на Србите од Косово“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Русија.

Руското Министерство исто така ги повикува властите во Приштина итно да ги повлечат полициските единици од северните делови на покраината, да ја прекинат саботажата и сериозно да се посветат на задачите за решавање на ситуацијата.

„Очекуваме дека американските и европските покровители на Приштина, конечно, ќе имаат отрезнувачки ефект врз нивните штитеници со цел да се избегне деструктивно сценарио што го загрозува целиот регион“, се додава во соопштението, кое го пренесува „Спутник“.

Руското МНР нагласува и дека КФОР и ЕУЛЕКС „повторно не може или не сакаат да ја исполнат својата функција за одржување мир и безбедност“.

Се додава и дека најновото зголемување на тензиите можело да се предвиди, со оглед на стагнацијата во процесот за решавање на косовското прашање, пренесува ТАСС.

Прикажи повеќе...

Регион

Напнато на косовската граница: полицијата се обидела да извлече Србин од автомобил, КФОР спречил инцидент

Објавено пред

Ситуацијата кај граничниот премин Брњак во Косово денеска е крајно напната откога припадници на специјалните единици на косовската полиција се обиделе насилно да извлечат возач од автомобил со регистарски таблички на Косовска Митровица.

Во својата намера тие и ќе успееле доколку не интервенирала патрола на КФОР (меѓународни мировни сили предводени од НАТО), која во тоа време била на местото на инцидентот, пишува „Косово онлајн“.

Според непотврдени информации, полицијата побарала од еден српски државјанин да излезе од автомобилот и да ги отстрани регистарските таблички, што тој го одбил, па почнале да го извлекуваат од автомобилот.

Во тој момент наводно реагирале припадниците на КФОР и ја смириле целата ситуација. Се собрале и поголем број Срби, кои протестираат на тоа место, а возачот успеал да се засолни на безбедно.

Ситуацијата на тој административен премин во моментовт и натаму е многу напната бидејќи, според информациите од регионалните медиуми, припадниците на специјалната косовска полиција се обидуваат да ги принудат сите возачи да ги отстранат српските регистарски таблички од своите возила.

Косовската влада во понеделникот воведе мерка за реципроцитет не дозволувајќи возила со српски регистарски таблички да влезат во Косово и Метохија. Возачите со вакви таблички на влезот во Косово мора да земат привремени регистрации, исто како што граѓаните на Косово се должни да ги сменат регистарските таблички со ознака РКС при влез во Србија.

Покрај тоа, косовските власти тврдат дека табличките од северот на Косово (КС) веќе не се легални, а единствени валидни таблички се оние со ознака РКС (Република Косово).

Мерката предизвика протести на Србите во северно Косово и официјален Белград. На првиот ден од протестот косовската полиција фрлаше и солзавец врз Србите собрани кај Брњак.

Косовската полиција соопшти дека издала 1.455 пробни регистарски таблички за 24 часа, но новинар на РТС јави дека во општините од северот на Косово и Метохија и натаму се возат автомобили со српски таблички.

Прикажи повеќе...

Регион

Ѓукановиќ: Срамота е како Русија се однесува кон Црна Гора

Објавено пред

Кабинетот на шефот на црногорската држава реагираше на изјавата на портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, со изјава во која се вели дека е срамен начинот на кој Русија се однесува кон Црна Гора и нејзиниот претседател.

Захарова вчера изјави дека обвинувањата на Ѓукановиќ против официјална Москва и Руската православна црква се негов обид да се врати на власт.

Реагирајќи на обвинувањата на црногорскиот шеф на државата, таа оцени дека групата околу Ѓукановиќ упорно продолжува да игра на црковна карта и дека целта е да се воведе конфузија, да се поделат Црногорците на пријатели и непријатели и да се подигне нивото на напнатост во општеството со цел да се врати моќта под негово покровителство.

Кабинетот на Ѓукановиќ во неделата соопшти дека Русија и Руската православна црква ја дестабилизираат Црна Гора во обид да ги задоволат „империјалните амбиции“ на официјална Москва и „амбициите на Голема Србија“ од Белград.

„Повторно доаѓаат изјави од Москва, во кои се вкорени зборот ‘срам’. Зборот што најдобро одговара на она што го прават претставниците на секуларните и духовните власти на Русија, продолжувајќи да се мешаат сè поотворено во внатрешните работи на Црна Гора, со груби клевети на шефот на пријателска држава. Измислувајќи дека мнозинството граѓани на Црна Гора ја поддржуваат Српската православна црква“, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Црна Гора.

Тие не можат, велат од таму, всушност да сокријат колку се повредени од „таканаречената“ евро-атлантска ориентација на Црна Гора.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија4 часа

16 починати и 491 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нов случај на Ковид-19,...

Македонија5 часа

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија8 часа

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија8 часа

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија9 часа

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија9 часа

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион9 часа

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија10 часа

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион10 часа

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија13 часа

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Македонија13 часа

Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани, од нив 2.969 примиле прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Свет13 часа

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да им се обратат на светските лидери пред Обединетите нации, a за таа пригода го назначија својот портпарол...

Свет14 часа

(Видео) Еден од најсилните земјотреси досега ја погоди Австралија

Земјотрес со јачина од 6 степени, еден од најсилните што е забележан во Австралија, го погоди југоистокот од оваа земја....

Македонија1 ден

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија1 ден

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет1 ден

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Свет1 ден

(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат

Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и...

Регион1 ден

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово...

Македонија1 ден

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Досие