Регион
(Фото) Како изгледаше една од најубавите плажи на Санторини пред земјотресите
Грчкиот остров Санторини е погоден од серија последователни земјотреси и прогласена е вонредна состојба. Серијата земјотреси доведоа и до лизгање на земјиштето на една од најпознатите плажи, Црвената плажа.

Црвената плажа, позната по впечатливиот црвен песок и вулканските карпи, сега е затворена. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат одрони и карпи што паѓаат на плажата.

До Црвената плажа, до која претходно можеше да се стигне од археолошкиот локалитет Акротири, сега може да се пристапи само со брод.

Еве како изгледа плажата сега:
Σαντορίνη: Μεγάλη κατολίσθηση στην Κόκκινη Παραλία Τουρίστες έβγαζαν selfies στο χείλος του γκρεμού
🖇️ https://t.co/LlVgbyJeBH#σεισμος #Σαντορινη #σεισμός #Σαντορίνης pic.twitter.com/h5Np5JwXeQ— in.gr/news (@in_gr) February 4, 2025
Црвената плажа се наоѓа во близина на античкиот локалитет Акротири.
🌊 #Santorini – Red Beach 🌊
Explore the dramatic beauty of Red Beach, a must-visit gem! Striking red cliffs, turquoise waters, and a volcanic vibe that’s pure magic. ✨ #Greece#Travel #Beach #TravelInspiration #Bucketlist #X #TravelPhotography #Photography #NatureLovers pic.twitter.com/ScV9nBkRHO
— Best Visit Santorini (@BVisitSantorini) January 19, 2025
Отсекогаш била препознатлива по своите спектакуларни црвени карпи, кои стрмно се спуштаат до тиркизното море. Бојата на песокот и карпите е резултат на вулканското потекло на островот.
@gabriellacarmen_ Red Beach in Santorini is one of the most colourful beaches worldwide.The beautiful red colour is due to to the iron rich rocks that formed as a result of the devastating volcanic eruption🌋🌊… #santorini #santoriniisland #greece #greecetiktok #greecetravel #grecia #greekislands #summervibes #beautifuldestinations #amazingplaces #wonderfulplaces #naturetherapy ♬ life moves pretty fast x the king – ari cogen
Плажата е мала и секогаш била полна со туристи. Многумина отсекогаш ја сметале за задолжителна дестинација за посетителите на Санторини.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

