Контакт

Регион

Хрватска ги отвори границите, но со придржување до препораките

Објавено пред

Границите на Хрватска од утрово се отворени.

Според одлуката, на хрватските граѓани им е дозволено да доаѓаат, односно да заминуваат во странство, почитувајќи ги општите и посебните препораки на Хрватскиот институт за јавно здравје.

Како што информираа властите во земјата, граѓаните на земјите-членки на ЕУ и членовите на нивните семејства, како и граѓани на трети земји со долгорочен престој, имаат право да влезат во Хрватска кога имаат деловни причини или економски интереси.

Право на влез во Хрватска имаат и лицата со право на престој врз основа на други директиви на ЕУ или националното право. Меѓу исклучоците на кои е дозволен влез во земјата се и оние кои патуваат поради неодложни лични причини.

Хрватска засега не размислува за воведување тестирања на границите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Земјотрес ја погоди Бугарија

Објавено пред

Земјотрес со интензитет од 3,4 степени по Рихтер е регистриран рано утрово во југозападна Бугарија.

Епицентарот на потресот бил кај градот Смољан, соопшти Националниот институт за геофизика, геодезија и географија на Бугарската академија на науките.

Нема податоциа за евентуални штети или повредени, пренесе БТА.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Силно невреме ја зафати Грција, има и жртви

Објавено пред

Силно невреме зафати неколку грчки региони, проследено со грмотевици, молњи и обилни врнежи од дожд. Невремето одзеде и најмалку еден живот, пренесуваат грчките медиуми.

Обилни дождови, во главно проследени со град и силен ветар, погодија поголем дел од земјата и според метеоролозите, ваквото време ќе трае до петок.

На островот Скопелос една жена загинала од удар на гром, пренесе „Грик репортер“. Невремето ја погоди и Атина, каде се слушале силни грмотевици.

Драматично е и на Халкидики, каде паѓаше град. На регионалниот пат Полигирос-Солун, патнички возила и камиони веќе неколку часови стојат поради голема количина на мраз на патот, пренесуваат медиумите.

Во одделни предели пејзажот изгледа како да е покриен со снег, бидејќи град ги зафати патиштата и полињата. Екстремни временски услови ги погодија на југ Каламарија и Олимпија.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во Хрватска и Словенија не се потврдени нови случаи на коронавирус.

Во Хрватска втор ден по ред нема нови случаи. Од вкупно 2.244 потврдени случаи, оздравеле 2.046 лица, а 101 лице починало. Во Хрватска активни се 97 случаи.

Досега се тестирани вкупно 63.682 лица, а во последните 24 часа 1.260 лица.

И во Словенија во последните 24 часа не е регистриран ниту еден нов случај на коронавирус на 754 тестирани, а само девет лица со Ковид-19 сè уште се наоѓаат во болница, објави словенечката влада.

Вкупниот број потврдени случаи од почетокот на епидемијата е 1.469. Во последните 24 часа починал еден пациент, со што бројот на смртни случаи достигна 108.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Чулев: Владата да ја усвои Уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ја повика Владата да ја усвои Уредбата со која е превидена награда за полицајците....

Македонија13 минути

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени за 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број на поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, кажа...

Македонија2 часа

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет3 часа

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет3 часа

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија4 часа

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија4 часа

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија5 часа

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава7 часа

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Македонија17 часа

Караџовски: Изминатите 14 дена беше намален бројот на новозаболени затоа препорачавме олеснување

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила...

Македонија17 часа

Филипче: Да бидеме одговорни, за да не се вратиме пак на рестриктивните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат...

Македонија17 часа

Османи: И покрај пропустите, државата добро се справи со коронавирусот

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека и покрај тоа што имало одредени пропусти, прекршувања на мерките и одредени критики, државата добро...

Македонија17 часа

Спасовски: Лицата кои се во државен карантин може да бидат во домашна самоизолација ако имаат негативен тест

Техничкиот премиер Оливер Спасовски кажа дека состојбата со коронавирусот е под контрола, при што ги соопшти новите одлуки на Владата....

Македонија18 часа

Од утре нема полициски час, задутре се отвораат рестораните и кафулињата

На денешната владина седница е донесена одлука да се укине полицискиот час во земјата. Одлуката ја соопшти техничкиот премиер Оливер...

Регион23 часа

Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Хрватска и Словенија не се потврдени нови случаи на коронавирус. Во Хрватска втор ден по...

Македонија23 часа

Регистрирани 16 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 16 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 2.014 лица. Оздравени се 14...

Македонија24 часа

Адвокатот на Јанева вели дека Русковска нема докази против неа

Адвокатот Дељо Кадиев, кој ја застапува обвинетата Катица Јанева во предметот „Рекет“, по судењето, на кое завршни зборови даваше Обвинителството,...

Македонија1 ден

Русковска: Доживеавме разочарување кога клучниот лик во „Чарлиевите ангели“ премина на страната на злото

Во завршните зборови за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска пред судот рече дека одбраната на обвинетите Бојан Јовановски – Боки...

Македонија1 ден

Арсовски: Избори во јуни не се можни

Избори во јуни не се можни, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Одговарајќи на новинарски прашања, тој ја отфрли можноста...

Македонија1 ден

Укинување на полицискиот час и отворање на границите и кафулињата, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучила да побара од Владата укинување на полицискиот час, а веќе во текот...

Досие