Регион
Цело семејство загина во земјотресот во Албанија

Спасувачка екипа од Србија извади две безживотни тела од урнатините во албанскиот град Туман, кој беше најтешко погоден од вчерашниот земјотрес.
Извлечени се телата на маж и жена, објави РТС.
Според албанскиот портал Indeksonline.net, станува збор за брачната двојка Грегу. Безживотните тела на Пелумб Грегу и неговата сопруга беа извлечени 30 часа по земјотресот.
Припадници Специјалистичког тима за претрагу и спасавање из рушевина Сектора за ванредне ситуације МУП-а, који су током…
Posted by Министарство унутрашњих послова Републике Србије on Вторник, 26 ноември 2019
Телото на нивниот син Саимир Грегу беше извлечено од урнатините вчера, но без знаци на живот.
Медиумите посочуваат дека во земјотресот загина целото семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Курти претстави шест услови за формирање ЗСО

Косовскиот премиер Албин Курти постави шест услови за прифаќање на формирањето на заедницата на општини со српско мнозинство, меѓу кои е и онаа да се формира по конечниот договор со Белград и да нема извршни овластувања.
Првиот услов е Унијата да биде во согласност со Уставот и законите што се во сила во Косово, вториот е да не може да биде еднонационален, третиот е да ѝ се смени името и четвртиот е да не може да има која било јавна или извршна власт.
Според Курти, заедницата мора да ѝ служи на хоризонталната соработка на општините во согласност со Уставот и законот за самоуправа. Потоа, правата на малцинствата треба да се воспостават на принципот на реципроцитет, што значи дека секое право на Србите во Косово треба да биде и за Албанците во Србија.
Како предуслов го наведе затворањето на нелегалните структури на северот на Косово и прифаќањето на повелбата на ОН за меѓудржавни односи и непопречување на апликацијата на Косово во Европската Унија.
Петтиот услов е заедницата да биде дел од конечниот договор и да се формира по меѓусебното признавање.
Шестиот услов е претседателот на Србија да ги повлече писмата испратени на адресите на петте земји членки на ЕУ и другите да не го прифаќаат Косово како членка на Европската Унија.
Курти во обраќањето пред пратениците во собранието во Приштина побара од високиот претставник на Европската Унија, Жозеп Борел, да повикува на чести и редовни средби за да се постигне конечен договор.
Регион
(Видео) Хаос во српскиот парламент, пратениците се упатија кон Вучиќ со извици „предавство“

Целосен хаос во српското собрание следуваше во попладневниот дел од расправата кога пратениците од опозицијата, пред сè, на Двери и Заветник, се упатија кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Првин извикувале „предавство, предавство“, „Косово е срцето на Србија“, а потоа отишле на местото каде што тој седел.
Во исто време пратениците на СНС станаа и исто така се упатија кон масата на претседавачот. Во оваа турканица, која траеше 15-ина минути, во салата влезе и собраниското обезбедување.
Српскиот претседател Вучиќ, кој седеше во тоа време, ги повика пратениците на СНС да бидат смирени и да ѝ дозволат на опозицијата „да си го покаже своето лице“. Тој рече и дека опозициските парламентарци ѝ нанеле огромна штета на Србија со циркусот што го создале во парламентот.
„Од вас ќе ги браниме Косово и Србија“, им порача тој на оние што скандираа „предавство“ и „оставка“.
Ваквата атмосфера, на работ на инцидент, настана кога лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, го повика Собранието да го отфрли француско-германскиот предлог за Косово и по неговите обвинувања против владата за која рече дека сака да изврши предавство.
„Не се надеваа дека нема да го признаеме Косово во ОН, јас реков дека нема да дозволиме Косово да влезе во ОН. Тоа е единственото нешто на што се надеваат, да се разбереме, бидејќи тоа е единственото нешто што ги интересира. Ние покажавме дека сме подготвени да слушаме, а тие не се подготвени да слушаат“, изјави претседателот Вучиќ.
Регион
Опасна бактерија усмрти четири лица во Хрватска

Инвазивната бактериска стрептококна инфекција е многу сериозна болест, доказ за тоа се четирите смртни случаи од 15 што се разболеле, вели д-р Ивана Павиќ-Шиметин, заменик-директор на Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ).
Тие биле на возраст од 35 до 65 години и претходно биле целосно здрави.
Двајца починале во првите 24 часа по приемот во болница. Две деца на училишна возраст се меѓу 15-те случаи на инвазивни стрептококи. Четворицата починати не живееле во исти области, дознава „24часа.хр“.
„Меѓу тие шест илјади има 15 што имаат тешка компликација на основната болест, чија смртност е многу висока. Бактеријата не останува во грлото или на кожата, туку може да ги нападне менингите и да предизвика менингитис или да влезе во крвотокот предизвикувајќи сепса, која потоа ги зафаќа сите органи“, објаснува Павиќ Шиметин за „24часа.хр“.
„Страшно, навистина страшно. Двајца од четворицата починале во рок од 24 часа по примањето во болница. Стрептококите многу бргу се развиваат во сериозна болест. За среќа, огромното мнозинство од заразените останува со ангина или шарлах, кои исто така не се благи заболувања. Секој што ги имал знае колку се тешки“, вели докторката.