Регион
Абазовиќ: Бајден може да го спаси Западен Балкан од руско и кинеско влијание
Премиерот на владата на Црна Гора во техничкиот мандат, Дритан Абазовиќ, изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) се најважниот надворешнополитички партнер на Подгорица, како и дека американскиот претседател Џо Бајден може да го спаси Западен Балкан од потпаѓање под руско и кинеско влијание.
Тој оцени дека корупцијата е генератор на национализам, објавија денеска подгоричките медиуми.
„Мојата порака до Бајден е едноставна. Претседателот Бајден треба да користи извршни наредби за да ги санкционира луѓето вклучени во корупција на високо ниво во Западен Балкан. Тоа е најдобриот и наједноставен начин Бајден да го спаси Западен Балкан“, рече Абазовиќ.
Како што додаде, доколку регионот тргне во насока на национализам и конфликт, ќе стане лесна цел за странско влијание.
„Без разлика дали се работи за руско или кинеско влијание, ако Бајден мисли дека треба да се спречи странското влијание, тој мора да ги санкционира луѓето. Тоа би било доволно да ги запре политичките актери што ги водат Црна Гора и регионот по тој пат“, рече тој.
На прашањето дали неодамнешните сајбер-напади врз владината ИТ-инфраструктура се случиле случајно во исто време со актуелните политички настани во Црна Гора или некој се обидел да ја тестира земјата, тој рече дека не верува оти нешто се случува случајно кога таму се сериозни политички настаните за кои станува збор.
„Дестабилизацијата ги фаворизира оние што не сакаат да го видат владеењето на правото, оние што сè уште сакаат да видат нестабилност на Западен Балкан. Сајбер-нападот се случи наредниот ден вечерта по изгласувањето недоверба на владата. Тоа е најголемиот напад врз нашата инфраструктура што некогаш сме го имале. Во овој момент не можеме да кажеме дека Русија стои зад овој напад, но експерти од ФБИ, Велика Британија и од Франција го истражуваат случајот. Го чекаме конечниот извештај“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

