Регион
Австриската полиција со часови ги анализирала видеата за кои постои сомнеж дека на нив е исчезнатата Данка
Австриската полиција интензивно трага по двете романски државјанки кои на видеото од Виена се во придружба на девојчето кое се претпоставува дека е исчезнатата Данка од Бор.
Според извор на „Курир’, локалната полиција сп часови ги нализирала видеата од безбедносните камери, особено оние од станицата „Шотенринг“, каде што било снимено девојчето.
Тие објавија и три нови фотографии на кои појасно се гледа фигурата на двете жени, како и фигурата на детето.
„Анализирани се сите снимки од безбедносните камери околу станицата каде што се видени, а тие фотографии се направени и од камерите на трамваите и автобусите кои минуваат. На едната јасно се гледа фигурата на двете жени на ескалаторите на станицата, а на едната се гледаат како стојат со дете на станицата“, вели изворот на Курир.
Се работи за постара и помлада жена, русокоса и црнка, а нивниот идентитет допрва ќе се утврдува.
Во апелот на австриската полиција се замолуваат сите кои ги препознаваат жените и знаат каде се наоѓаат веднаш да се јават во полиција.
„Откако семејството на исчезнатото девојче го погледнало видеото, се претпоставува дека многу веројатно се работи за исчезнатото девојче од Србија, односно одговориле дека постои голема веројатност Данка да е на видеото. Виенската полиција по наредба на јавното обвинителство бара апсење на двете жени кои биле со неа во станицата“, се соопштува.
Виенската полиција навела дека се разгледуваат и анонимни пријави.
– Сите информации можете да ги пријавите во државната криминалистичка полиција на бројот 01-31310-33800 или во која било полициска станица во Австрија – се наведува во соопштението.
Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бора а една од клучните индиции за овој случај се појави во неделата кога беше објавено видео од Виена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

