Регион
Бериша: Амбасадорката на ЕУ побарала да ме уапсат
Поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша изјави дека амбасадорката на ЕУ во Тирана, Романа Влахутин, побарала негово апсење. Бериша во интервју за албанската ТВ „АБЦ“ рече дека актуелната амбасадорка на ЕУ во Албанија, Романа Влахутин, побарала од сега сменетиот јавен обвинител Адриатик Лала негово апсење.
„Влахотин оваа барање го упатила и пред поранешниот претседател на Албанија Бујар Нишани со цел обвинителот Лала да ги забрза активностите за апсење“, истакна Бериша и додаде дека информацијата покрај од Лала и Нишани, ја добил и од некои странски дипломати во Албанија.
Бериша во интервјуто вели дека Влахутин имала и сомнежи дека ја прислушуваат, но главна причина за барањето за апсење било тоа што Влахутин верувала оти Бериша е замешан во коруптивни активности.
Албанскиот печат исто така особено внимание посветува и на една изјава на поранешниот јавен обвинител Адриатик Лала, кој вели дека американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу, му побарал и апсење на актуелниот претседател на Албанија, Илир Мета. Лу демантираше дека има такво нешто и притоа посочи дека Лала е замешан во коруптивни дејствија и искажа верба дека тој наскоро ќе одговара пред судот поради коруптивните активности.
Дипломатите на ЕУ и САД во Тирана од институциите бараат пресметка со главните носители на корпуцијата и криминалот во Албанија.
К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Продолжуваат потресите во Грција по силниот земјотрес на Лезбос
Продолжуваат афтершоковите по силниот земјотрес на островот Лезбос со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала.
Според властите на островот, нема повредени. Многу жители ноќта ја минаа надвор, во автомобили и шатори, поради честите последователни потреси. Има срушени ѕидови на згради и паднати карпи на патиштата, кои се затворени. Поради безбедност на пожарникарите, властите забранија спасувачка акција во ноќните часови.
Од рано утрово технички екипи ја проверуваат состојбата на јавните објекти. Училиштата ќе останат затворени додека не се потврди дека се безбедни. Според податоците на опсерваторијата во Атина, земјотресот бил на 5 километри длабоко во морето, веднаш до островот.
Според сеизмолозите, епицентарот е познат и пред четири години е регистриран силен земјотрес.
Жителите на островот се предупредуваат да бидат крајно внимателни и да не стојат во близина на предмети што може да паднат.
Регион
Транспаренти со крвава тупаница со среден прст во Белград
На неколку места во Белград се појавија транспаренти со натпис „Одговорот на српскиот народ на обидот за обоена револуција“ заедно со илустрација на црвена рака, на која се гледа средниот прст.
Црвениот (крвав) отпечаток од раката е еден од симболите на протестите организирани во Србија по уривањето на натстрешникот во Нови Сад.
Но, во последните 24 часа се појави втора црвена рака – онаа со свиткани прсти.
Од Српската напредна партија на Вучиќ сè уште не одговорија дали стојат зад оваа акција.
Регион
Десетици дојави за бомби во училиштата во Бугарија
Десетици пријави за подметнати експлозивни направи се пристигнати на електронската пошта на училиштата во повеќе градови во Бугарија.
Од бугарското МВР објаснуваат дека се вршат проверки.
Има извештаи за образовни институции во Стара Загора, Враца, Варна и Софија, пишува БНР.бг.
Во Софија има над 20 училишта кои добиле известувања по е-пошта за подметнати експлозивни направи. Во сите згради на воспитно-образовните институции во овој момент се вршат контроли.