Регион
Бугарски пратеник: Најсиромашната земја во ЕУ на прво место по воени расходи
Потпретседателот на бугарското Народно собрание, Веселин Марешки, изрази огорченост поради фактот дека Бугарија во 2019 година била на прво место по светот по воените расходи, податоци кои ги објави Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм, пренесува „Спутник“.
Марешки смета дека тоа е недозволиво ако се земе предвид економската состојба на Бугарија.
„Најсиромашната држава во Европската Унија е на прво место по расходите за војската! Тоа е политика што ја поддржуваат сите партии кои сакаат да го задржат тој статус кво! Сакам да бидеме први по трошоци за подобрување на здравствената заштита, за модернизација на образованието и за борба против домашниот криминал; за тоа старите луѓе да имаат пристојна старост, а младите образовани родители да имаат повеќе деца и поголеми примања! За сите Бугари да живеат подобро, а притоа никој да не ги ограбува. За мене не постојат други приоритети“, нагласи Марешки во својата објава на Фејсбук.

Како што се наведува во истражувањето на Институтот, Бугарија во периодот од 2018 до 2019 гпдина ги зголемила трошоците за одбрана за 127 отсто и на тој начин потрошила најмногу средства за таа намена во светот во посочениот период.
Таквиот нагол скок на одбранбените трошоци се создал поради еднократната уплата за купување осум ловци Ф-16 во август минатата година кога бугарското Министерство за одбрана им префрлило на САД 1,2 милијарди долари.
Во периодот од 2010 до 2019 година четири европски земји ги зголемиле своите расходи за војската за повеќе од 150 отсто: Литванија (232 отсто), Летонија (176 отсто), Бугарија (165 отсто) и Романија (154 отсто). Полска во изминатите 10 години ги зголемила своите трошоци за 51 отсто.
Марешки повеќе пати бараше откажување на договорот за купување Ф-16 и друго ново вооружување во рамките на модернизацијата на армијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

